Со големо задоволство ве известуваме дека дваесет и осмата голема истражувачка акција „Кожуф 2022“ ќе се одржи од 07.07.2022 до 22.07.2022 на планината Кожуф. Кожуф се протега помеѓу Гевгелиско-валандовската Котлина, на исток, и планината Ниџе, на запад, по границата со Република Грција. Таа на север е ограничена со Тиквешката Котлина, а на југ навлегува на…

БИОФОТОКОНКУРС 2022
Со задоволство го објавивме единаесеттиот конкурс за биофотографија на тема: „ФЛОРА И ФАНТАЗИЈА“! Главен мотив на фотографиите треба да бидат диворастечките растенија во Македонија. Оваа година ги фотографираме членестостеблените растенија (SPHENOPSIDA) и папратовидните растенија (PTEROPSIDA) – со своите три оддели: папрати (FILICINAE), голосемени (GYMNOSPERMAE) и скриеносемени (ANGIOSPERMAE) растенија. Конкурсот трае до 15 Јуни…

Билтен на ИДСБ (2020)
Почитувани, Со големо задоволство Ви го претставуваме електронското издание на петтиот Билтен на Истражувачкото Друштво на Студенти Биолози. Вашата поддршка е невидливо испишана во секоја реченица внатре, бидејќи несомнено допрела до сите млади автори. Ве уверуваме дека желбата и научно-истражувачката мисла во ИДСБ е континуирана, дури и во овие тешки времиња кога целиот свет запре…

ПОВИК ЗА ДВАЕСЕТ И ШЕСТАТА ГОЛЕМА АКЦИЈА ‘’ ПЕЛИСТЕР 2019 ’’
Со големо задоволство ве известуваме дека дваесет и шестата голема истражувачка акција „Пелистер 2019“ ќе се одржи од 08.07.2019 до 22.07.2019 на планината Баба – Пелистер. Националниот парк „Пелистер“ се наоѓа помеѓу Преспанската Котлина и котлината Пелагонија. Тој е прв прогласен национален парк на територија на Република Македонија уште во 1947 година. Тој опфаќа дел…

Втора истражувачка акција – Пешти – Светскиот ден на птиците преселници
На 12.05. (Недела), Истражувачкото друштво на студенти биолози заедно со Македонското Еколошко друштво го одбележи Светскиот ден на птици преселници во рамки на проектот „Нова надеж за египетскиот мршојадец“. Околу 40 студенти биолози и љубители на птици имаа шанса да ја посетат земјата на египетските мршојадци во централниот дел на државата во близина на градот…

Извештај на херпетолошката секција (Уланци – Слан Дол – Брегалница)
На 06.04.2019 (сабота) се одржа првата еднодневна истражувачка акција за оваа година Уланци – Слан Дол – Брегалница – Уланци. Се патуваше со воз, тргнавме од Скопје и пристигнавме до постојката во Градско. Времето беше облачно и суво, минималната температура изнесуваше 13, а максималната 19 степени целзиусови. При еднодневната акција на ИДСБ, херпетолошката секција одржа…

КОНКУРС ЗА БИОФОТОГРАФИЈА IX
Истражувачкото друштво на студенти биолози, во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ го објавува деветиот конкурс за биофотографија. Оваа година темата на конкурсот е „Урбани безрбетници“. Главен мотив на фотографиите треба да бидат безрбетниците застапени во урбаните средини во Македонија. Во брзото секојдневие неколку минути се доволни…

Еднодневен терен на херпетолошката секција
На 23.03.2019 херпетолошката секција при ИДСБ одржа еднодневен терен на Кањон Матка. Теренот започна од 07:52 и траеше до 16:20 частот. Времето беше сончево (0-5% облачност) ,а температурата достигна над 20 C. При еднодневниот терен се одржа теренска обука на новите членови , а земавме и примерок од планктон и мил за алголошката секција. На…

Голема Истражувачка Акција на Истражувачкото Друштво на студенти биолози(ИДСБ) “Попова Шапка 2018”
Во период од 07.07.2018 до 22.07.2018 година на Шар Планина, поточно Попова Шапка беше организиран 25-ти по ред истражувачки камп за студентите од Институтот за биологија. Шар Планина е еден од најголемите и највисоките планински масиви во Македонија и припаѓа на Шарско-пидинскиот планински систем и спаѓа во малди верижни планини.Шара се протега во правец североисток-запад-југозапад, а се наоѓа…

ПОВИК: 25-та Голема Истражувачка Акција „Попова Шапка 2018“ (Планинарски дом Смрека)
Драги идсбовци и љубители на природата, Ве известуваме дека дваесет и петтата голема истражувачка акција ((,,Попова Шапка 2018’’)) ќе се одржи на Шар Планина, во планинарскиот дом ,,Смрека’’ на Попова Шапка, во периодот од 07.07.2018 до 22.07.2018. Краен рок за пријавување е 30.06.2018. Котизацијата изнесува 1500 денари. Оваа сума вклучува организиран превоз (од Природно-математичикиот факултет во…