Миколошкa секција

Истражување на диверзитетот на габите, особено столпчести и торбести габи. По собирање габите се сушат и се чуваат во Националната колекција на габи  MCF – Macedonian Collection of fungi за понатамошни анализи. Миколошката секција главно се занимава со детерминација на габите, која се врши по класичен метод, макроскопски и со користење на микроскопски техники, со употреба на реагенси (KOH и Melzer-ов реагенс).

Комплетните податоци се внесуваат во база на податоци MAC FUNGI.

Раководител: Кристијан Јакимовски

Ментор на секција: Д-р Митко Караделев