Пајаците се многу важна група на животни. Тие се распространети во скоро сите еко системи и имаат важна улога во биодиверзитетот. Има многу видови на пајаци (над 30.000 видови) и тие се исклучиво копнени членконоги, но има и водни видови како што е Arguroneta aquatica. Пајаците се собираат со помош на специјални, многу меки пинцети…

Начин на исхрана и дигестија кај пајаци
Што тие нормално консумираат? Нивното исхранување варира од самиот вид. Всушност, поголемиот број од тврдењата на овој извештај претставуваат генерализации кои не се веројатно точни за секој вид што постои. Во секој случај, поголемиот број од пајаците кои биле проучени имаат слични диетални и дигестивни навики, со само по неколку варијации прилагодливи на одредениот хабитат…

Биохемиско-физиолошка – Запознавање
Биохемиско-физиолошката секција работи на анализа на секундарните метаболити како специфични хемотаксономски маркери на некои лековити и ароматични растенија од флората на Македонија. Растителниот материјал се колектира, детерминира, а потоа и лиофилизира за анализа на секундарните метаболити. Во рамките на оваа секција студентите подготвуваат растителни екстракти од различни делови на растителниот организам (цвет, лист и стебло)…

Флората во Република Македонија
Република Македонија има богата и разновидна флора. Тоа се должи на нејзината географска положба на Балканскиот Полуостров, како и на климатските, геолошките, геоморфолошките услови и геолошкото минато. Богатата флора на Балканскиот Полуосторов се карактеризира со присуство на голем број ендемични и реликтни видови. Иако територијата на Македонија покрива само мал дел од Балканот, таа ги…

Флористичка секција и нејзините активности
Активностите на оваа секција се поврзани со истражување на растителниот диверзитет во Македонија. Работата на флористичката секција е поделена на теренски и лабораториски дел. Во рамките на теренските активности е предвидено идентификација на растенијата на терен и нивно собирање. Обично растенијата се собираат со корен, со исклучок на грмушестите и дрвенестите видови. Собраните растенија на…

Алголошка секција – Запознавање
Алголошката секција се занимава со истражување на дијатомејската флора (Bacillariophyceae) на високопланински водени еко-системи (eзера, реки, потоци и тресети). Диjатомеите, уште наречени силикатни алги, се микроскопски алги кои претставуваат многу важни примарни продуценти во слатководните и морските еко-системи. Процесот на седиментација овозможува силикатните алги да се користат во палео-лимнолошки истражувања преку кои се следи староста,…

Кое е најмоќното и најбрзото животно на светот?
Иако ова би звучело смешно, најмоќно и најбрзо животно на светот е малото копеподно ракче. Оваа констатација е донесена врз основа на фактот дека со големина на тело од околу 1mm, копеподите можат да скокнат околу половина метар растојание за време од 1 секунда. Нивната неверојатна сила, во однос на нивната големина, ги прави повеќе…

Achnanthes
Achnanthes Bory Ред: Achnanthales Фам: Achnanthaceae Род: Achnanthes Bory Фрустулата кај родот Achnanthes е хетеровалвална т.е. едната валва има рафа, а на другата валва таа отсуствува. Валвата која има рафа обично поседува задебелено силициумово централно поле наречен стаурос. Другата валва не поседува централно поле. И стернумот може да биде поставен на маргините на валвата. Валвите…

Aranae
Од колкава важност е за пајаците, снабдувањето со вода? Неколку пајаци покажуваат задолжително апсорбирање на обична вода, иако повеќето можат сосема да ги задоволат своите потреби апсорбирајќи ги само капките вода кои им се на дофат (Сл. 1). Пајаците ја искористуваат водата која што се наоѓа во самиот плен како и метаболичката вода. Наспроти ваквото…