Menu
ИДСБ
  • 📄
  • За ИДСБ
  • Секции
    • Алголошка секција
    • Арахнолошка секција
    • Ентомолошка секција
    • Херпетолошка секција
    • Флористичка секција
      • Флористичка Диверзитет
    • Орнитолошка секција
    • Миколошка секција
    • Мамолошка секција
  • Настани
  • Истражувачки акции
    • 2010
    • 2011
    • 2012
    • 2013
    • 2015
    • 2016
    • 2017
  • Денес дознав
  • ✉️ Контакт
ИДСБ

Убавината на пештерата Ѓоновица

Posted on Apr 28, 2016May 17, 2016

Пештерата Ѓоновица (народно именувана како Убавица) се наоѓа на планината Буковиќ, над самиот стар пат Гостивар – Кичево, во близина на селото Горна Ѓоновица. Изградена е вдолж раседна линија, во правец север-југ. Овој расед избива и на површината на Буковиќ, за што сведочи скарстената суводолица која се протега во ист правец. Во поголемиот дел на пештерата, со исклучок на влезниот канал (85 м), присутен е постојан подземен водотек.

Покрај многубројните и разновидни пештерски украси со кои изобилува пештерата, особено интересно е последното пештерско проширување. Тоа со димензии од 10 до 13 метри и претставува еден џиновски котел каде што водата од водопадот прави вител. Бучењето на водопадот кој е со височина од 6 метри и прекрасниот пештерски накит ја откриваат убавината на подземниот свет.

Во пештерата Убавица истражувана е и рецентната пештерска фауна, при што е регистриран ендемскиот претставник на родот Ceutnophies, наречен Ceutnophies bukoviki.


Со навлегувањето во пештерата, по речниот тек почнуваат како бисер да се нижат пештерски украси изградени по страните на пештерскиот канал и по таванот. Понатаму се редат саливи со жолтеникава, а на поодделни места со небесно сина боја. Онаму каде варовникот е испукан се јавуваат најмали форми на сталактити во вид на тенки прозрачни цевчиња. Бојата им е бела до жолтеникава. Поедини постари облици се сраснати, изградуваат столбови меѓу таванот и саливите кои скалесто се спуштаат кон водениот тек.

Како што се навлегува подлабоко во пештерата се откриваат мошне интересни комбинации на саливи, сталактити и сталагмити. Еден од најубавите делови во пештерата е каналот исполнет со вода во чија средина се наоѓа сталактит кој навлегува во водата, а странично од него еден заостанат дел од помалку растворлив варовник кој има облик на жена.

За подобро запознавање на оваа прекрасна пештера, можете да ги погледнете сликите, како и видеото кој ни ги приреди Истражувачкото друштво “URSUS SPELEOS”. Ова друштво, меѓу другото, се занимава и основна дејност им е спалеологијата како интердисциплинарна наука. Можете исто така да ги следите и на фејсбук.

Во блиска иднина, Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) и Истражачкото друштво “URSUS SPELEOS” ќе организираат заеднички научно-истражувачки акциии, каде студентите и пошироката јавност ќе може да се запознаат со работата на овие две организации.

Пештера Ѓоновица / Cave GjonovicaИстражување на пештерата Ѓоновица / Exploring Cave Gjonovica

Аплицирано за конкурсот за аматерско видео #ehofilmfest кој е поддржан од www.pro-sport.com.mk
Applied for competition for amateur video #ehofilmfest which is supported by www.pro-sport.com.mk

Снимател / Camera : Беркер Самет

Видео монтажа / Video production : Александар Стојаноски

Повеќе на / More on :

Истражување на пештерата Ѓоновица заедно со Спелеонуркачки клуб „Врело“, Спелеолошки клуб "Златоврв"од Прилеп, BOTTOM…

Posted by Exploring Society "Ursus Speleos" //\ Истражувачко Друштво "Урсус Спелеос" on Tuesday, September 29, 2015

Posted by Exploring Society “Ursus Speleos” //\\ Истражувачко Друштво “Урсус Спелеос” on Friday, December 18, 2015

ПЕЛИСТЕР 2019

©2022 ИДСБ | WordPress Theme by Superbthemes.com