На ден 17.04.2016та год. се одржа првата еднодневна истражувачка акција во областа “Криволак”, село Криволак, Неготинско. Површината на оваа територија дава изглед на разбрането море бидејќи целата е испресече на од длабоки долови. За да го погледнете извештајот од Ентомолошката секција, кликнете тука – Извештај (Lepidoptera) – Криволак, 2016

Запознавање со редот Saxifragales
Редот Saxifragales го води своето потекло од најпримитивните претставници на фам. Rosaceae – подфам. Spiraeoideae. Тоа се едногодишни или повеќегодишни тревести растенија, многу ретко полугрмушки или мали грмушки. Листовите се последователни или наспрамни, прости, целокрајни или насечени, обично без прилисници. Цветовите се најчесто хермафродитни, актиноморфни, со двоен перијант. Венечните листови се слободни. Прашниците се во…

Заедно да го спасиме Дојран!
Дојранско Езеро, едно од трите природни езера во Македонија, некогаш богато со диверзитет, денеска страда од екстремната еутрофикација. Како дозволивме од едно природно, незагадено, олиготрофно езеро да создадеме езеро кое е извор на потенцијални болести? За да го решиме проблемот, треба да се навратиме во минатото, да видиме како се започнало… 1988 година, пристигнува барање…

Конкурс за биофотографија 2016
Facebook гласањето е во тек ! Од 20.04 пријавувањето на фотографии е завршено. На нашиот facebook fan page Конкурс за биофотографија може да ги погледнете овогодинешните фотографии на тема “Крилјата над Македонија” Facebook гласањето трае до 22.05.2016год. Ве потсетуваме дека покрај facebook гласовите, ќе бидат вклучени гласови од жири и гласовите на Претседателството на ИДСБ….

Соработка со Young European Biologist (YEB)
Почитувани, Со задоволство ве информираме дека Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) почнува соработка со Young European Biologist (YEB). Заедно со многу други биолошки истражувачки друштва и биолошки студентски организации низ цела Европа, ИДСБ ќе придонесе за остварување на главните цели на YEB: Поттикнување на подобра комуникација меѓу млади научници во било кое поле од…

Убавината на пештерата Ѓоновица
Пештерата Ѓоновица (народно именувана како Убавица) се наоѓа на планината Буковиќ, над самиот стар пат Гостивар – Кичево, во близина на селото Горна Ѓоновица. Изградена е вдолж раседна линија, во правец север-југ. Овој расед избива и на површината на Буковиќ, за што сведочи скарстената суводолица која се протега во ист правец. Во поголемиот дел на пештерата,…

Извештај: Ентомолошка секција (Криволак, 2016)
На ден 17.04.2016та год. се одржа првата еднодневна истражувачка акција во областа “Криволак”, село Криволак, Неготинско. Површината на оваа територија дава изглед на разбрането море бидејќи целата е испресечна од длабоки долови. За да го погледнете извештајот од Ентомолошката секција, кликнете тука.

3rd International Symposium of Biology Students
We are pleased to announce the 3rd Symposium of the Biology Student’s Research Society, which will be held on 19th-22th October 2016 in Ohrid. For more information, please visit the official blog.

Глацијалните езера на планината Јабланица
Околу 2% од територијата на Македонија е под водена површина. Има околу 35 реки и 53 природни и вештачки езера. Според количините на водени ресурси Македонија спаѓа во подрачје со задоволителни водни ресурси, но со доста голема нивна нерамномерна распределба. Планината Јабланица Јабланица е планина во југозападниот дел на Македонија, помеѓу Охридско –Струшката и Дебарската котлина, западно…

Извештај Арахнолошка секција: Повеќедневна теренска истражувачка акција “Клепало 2015”
Во периодот од 08.07.2015-22.07.2015 се одржа повеќедневата теренска акција на Малешевските Планини кој се наоѓаат во источниот дел на Република Македонија. Теренските истражувања беа спроведени на следните локалитети: Мурите, Беровско Езеро, Клепало, Ченгино Кале. Истражувањата беа извршани на различни станишта како ливади, зимзелени и листопадни шуми. Беа забележани видови од повеќе фамилии.