Во периодот од 08.-23.07.2017 година се одржа 24-та научно-истражувачка акција на ИДСБ. Планинскиот масив Јакупица е една од најразгранетите, најпространи и највисоки планини во Република Македонија. Се издига во централниот дел на земјата. Јакупица има особена концервациска вредност, но сѐ уште не е заштитено подрачје. Овогодинешната акција претставуваше и можност за компаративни анализи на податоците…

Повик за дваесет и четвртата голема истражувачка акција „Чеплес 2017“
Со големо задоволство ве известуваме дека дваесет и четвртата голема истражувачка акција „Чеплес 2017“ ќе се одржи од 08.07.2017 до 23.07.2017 на планината Јакупица. Планинскиот масив Јакупица е една од најразгранетите, најпространи и највисоки планини во Република Македонија. Се издига во централниот дел на земјата. Во поширока смисла, од Солунска Глава масивот на Јакупица ги…

Акустична и хемиска мимикрија како облигаторен механизам за прежиувување
Акустична и хемиска мимикрија како облигаторен механизам за преживување на ларви од родот Phengaris ( со акцент на видот аrion) во колонии од Myrmica мравки Phengaris arion е дневна пеперуга чија повисока таксономска одредница е фамилијата Lycaenaidae т.е фамилијата на Синици. Се работи за вид кој се среќава и во Македонија. Возрасната единка ( imago)…

Еднодневна истражувачка акција – Кадина Река (22.04.2017)
На 22.042017 (сабота) се одржа првата еднодневна истражувачка акција за оваа година. На теренот присуствуваа 30 активни членови на ИДСБ. Се патуваше со воз, до стојалиштето Кадина Река. Времето беше сончево и ведро, но студено со максимална температура до 15 степени целзиусови. При рутата на движење, го видовме вливот на Кадина Река во реката Вардар,…

7-ми конкурс за биофотографија!
Почитувани, со задоволство ве информираме дека седмиот по ред конкурс за биофотографија е официјално отворен со тема: Магијата на Габите И оваа година конкурсот е тематски! Како главен мотив на делата треба да бидат видови на габи кои се сретнуваат во нашата земја. Со нетрпение ги очекуваме првите фотографии кои се испраќаат исклучиво на официјалниот…

Што се дијатомеите и која е нивната примена?
Дијатомеите се група на живи, едноклеточни организми кои спаѓаат во групата на алги од типот Bacillariophyta. Овие алги се застапени во сите води, без исклучок, во помал или поголем број. Она што ги прави посебни и интересни за истражување е нивниот клеточен ѕид, изграден од силикат и е наречен фрустула, поделена на хиповалва и епивалва….

Аtropa belladonna (Лудобилје) – смртоносната убавица на македонските планини
Atropa belladonna, кај нас позната како црна буника или лудобилје е тревесто растение кое и припаѓа на истата фамилија на растенија како и доматите и компирот. Но, за разлика од претходно споменатите зеленчуци, лудобилјето не се користи во исхраната поради неговите екстремно токсични листови и плодови, кои содржат специфични отровни (тропански) алкалоиди кои предизвикуваат делириум…

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ИСТРАЖУВАЧКО ДРУШТВО НА СТУДЕНТИ БИОЛОЗИ
На 23.12.2016 година (петок) се одржа 23-тото по ред Годишно собрание на Истражувачкото друштво на СТУДЕНТИ БИОЛОЗИ. На собранието беа присутни 76 луѓе меѓу кои и деканот на Природно – математичкиот факултет, раководителот на инстутот за биологија, ценети професори и асистенти, гости од Фармацевтскиот факултет и Научното истражувачко здружение, соработници од Македонското еколошко друштво, претставници…

Работилница со децата од СОС Детско Село
На 10.12.2016 (сабота) во просториите на Природно – математичкиот факултет, Истражувачкото друштво на студенти биолози, одржа предавање и мала работилница како вовед и запознавање на работата на друштвото, за нашите гости – дечињата од СОС детското село. Предавањето на актуелната тема за балканскиот рис како и демонстрација на лабороториската работа за анализа на материјалите од…

Conclusion of the 3rd International Symposium of Biology Students
On the 20th of October, the Biology Students’ Research Society had their 3rd International Symposium of Biology Students?. The Symposium took place under the auspices of the 5th Congress of Ecologists of the Republic of Macedonia?, which was organized by the Macedonian Ecological Society?. The organizers dedicated a one-day session to the Symposium of Biology Students`…