Во рамките на истражувачката акција на Илинска Планина, за прв пат од постоењето на ова Друштво, беше формирана секцијата – Пределна екологија. Оваа секција освен тоа што претставува новитет во научните сознанија на студентите, претставува и пратење на светскиот тренд на оваа гранка од екологијата. Истражувањата со кои се занимава пределната екологија се многу обемни…

Макрозообентос – Запознавање
Основна задача на оваа секција е истражување на диверзитетот на макроинвертебратната фауна од слатководните екосистеми (во прв ред потоците и реките, но и неистечните води). Поимот макрозообентос обединува без‘рбетни животни од различни таксономски групи кои го населуваат дното (или бенталната зона) на водните екосистеми. Оваа група организми е мошне важна за функционирањето на екосистемот, бидејќи…

Ентомолошка секција – Запознавање
Инсектите се една од најдиверзитетните групи на организми кои ја населуваат оваа планета. Тие се првите животни кои го населиле копното, а исто така се и првите животни кои започнале да летаат. Еволуирале уште пред 400 милиони години, уште пред да се појави човекот, дури и пред да се појават диносаурусите. Пронајдени се фосили од…

Миколошка секција – Запознавање
Истражување на диверзитетот на габите, особено столпчести и торбести габи. По собирање габите се сушат и се чуваат во Националната колекција на габи – MCF – Macedonian Collection of fung, за понатамошни анализи. Миколошката секција главно се занимава со детерминација на габите, која се врши по класичен метод, макроскопски и со користење на микроскопски техники,…

Орнитолошка секција – Запознавање
Примарна активност на орнитолошката секција е набљудување на птиците, утврдување на нивниот диверзитет и дистрибуција. Секоја птица, без разлика дали е дневно или ноќно активна, има специфични морфолошки карактеристики (како обојување на пердувите, форма и големина на телото), специфично однесување (став на птицата, начин на летање, движење по земја или по гранки, степен на социјализација),…

Херпетолошка секција – Запознавање
Секцијата има за цел вршење на основни фаунистички истражувања (распространетост и дистрибуција) на влекачите и водоземците во Македонија. Херпетологијата е гранка на зоологијата која се занимава со изучување на водоземците и рептилите. Зборот херпетологија потекнува од грчкиот збор „herpeton“ кој значи ‘ползечко животно’, и зборот „logos“. Рептилите може да бидат многу лесно препознаени од останатите…

Програма за закрепнување на балканскиот рис
“Караџица 2011“ Балканскиот рис е опишан како посебен подвид Lynx lynx balcanicus (martinoi). Најчесто се среќава во планинските региони на Балканот, со најголема бројност во планинските региони на границата помеѓу Македонија и Албанија. Дел од научната заедница не се согласува балканскиот рис да биде одделен како посебен подвид, но прелиминарните анализи покажуваат јасни генетски разлики…

Биоакустика
Животинската биоакустика, често се нарекува едноставно биоакустика и е студија на звукот во нехуманите форми. Тоа вклучува: животинската комуникација и поврзаноста со однесувањето, анатомијата и неуропсихологијата на производство на звук кај животните, аудитивни капацитети и аудитивни механизми на животните и инструментални хидролокатори. Најчесто се користи за проценка на популацијата со идентификација; проучување на однесувањето на…

Мамолошка секција – Запознавање
Основна цел на мамолошката секција е да го утврди присуството на оделни видови крупни и ситни цицачи, како и проценка на нивната област на распространување. Истражувањето на фауната на цицачите се спроведува со помош на следниве методи: метод на фото-замки метод на пронаоѓање и следење на траги по должина на трасект детектор за лилјаци и…

Арахнолошка секција – Запознавање
Пајаците се многу важна група на животни. Тие се распространети во скоро сите еко системи и имаат важна улога во биодиверзитетот. Има многу видови на пајаци (над 30.000 видови) и тие се исклучиво копнени членконоги, но има и водни видови како што е Arguroneta aquatica. Пајаците се собираат со помош на специјални, многу меки пинцети…