Menu
ИДСБ
  • 📄
  • За ИДСБ
  • Секции
    • Алголошка секција
    • Арахнолошка секција
    • Ентомолошка секција
    • Херпетолошка секција
    • Флористичка секција
      • Флористичка Диверзитет
    • Орнитолошка секција
    • Миколошка секција
    • Мамолошка секција
  • Настани
  • Истражувачки акции
    • 2010
    • 2011
    • 2012
    • 2013
    • 2015
    • 2016
    • 2017
  • Денес дознав
  • ✉️ Контакт
ИДСБ

Втора истражувачка акција – Пешти – Светскиот ден на птиците преселници

Posted on May 22, 2019Jun 12, 2019

На 12.05. (Недела), Истражувачкото друштво на студенти биолози заедно со Македонското Еколошко друштво го одбележи Светскиот ден на птици преселници во рамки на проектот „Нова надеж за египетскиот мршојадец“.

Околу 40 студенти биолози и љубители на птици имаа шанса да ја посетат земјата на египетските мршојадци во централниот дел на државата во близина на градот Велес. За време на посетата, движејќи се околу една активна територија на египетски мршојадци го забележавме парот како кружи околу гнездото а подоцна потврдивме и инкубација.

Теренот беше од научен и едукативен карактер, а студентите и експертите собираа податоци од речиси сите области на живиот свет.

Тимот од МЕД кој работи со египетскиот мршојадец одржи кратко предавање за екологијата, заканите и дистрибуцијата и миграцијата на овој вид. Освен египетски мршојадци, имавме среќа да видиме и други интересни птици преселници како: царски орли, црни штркови, осојад, орел змијар итн.

Се надеваме дека со оваа теренска активност успеавме да ја подигнеме јавната свест за овој глобално загрозен вид а можеби и да придобиеме луѓе кои во иднина би ни помогнале кон заштита на оваа чудесна птица.

Photo credit: Андреј Михајлов
Photo credit: Андреј Михајлов

Покрај активностите во областа на орнитологијата, херпетолошката секција при ИДСб, на еднодневната акција ги евидентираше следните животни :

Македонско име Латинско име Англиско име
Ридска или херманска желка Testudo hermanni Hermanns’ tortoise
Поточна жаба Rana graeca Stream frog
Жолто огнена жаба Bombina variegata Yellow-bellied toad
Блатна жаба Pelophylax ridibundus Marsh frog
Ѕидна гуштерица Podarcis muralis Common wall lizard.
Полска гуштерица Podarcis tauricus Balkan wall lizard
Црвовидна змија Xerotyphlops vermicularis European blind snake.
Xerotyphlops vermicularis Photo credit: Андреј Михајлов

Во текот на денот времето беше прилично облачно (над 40%) и влажно (над 50%), а температурата се движеше околу 20°C. Активноста на влекачите беше неверојатно ниска, при целата акција видени се само една полска гуштерица и една ѕидна гуштерица. Најверојатно поради тоа што се наближуваше невреме, а околу 16 часот влажноста изнесуваше 100%, а температурата опадна на 15°C. Исто така евидентирани се 3 ридски желки, 5 жолто огнени жаби, 6 блатни жаби, една поточна жаба и една црвовидна змија.

Миколошката секција при ИДСБ евидентираште присуствo на една прекрасна, отровна и многу ретка габа – Вештеркино срце – Clathrus ruber.

Вештеркино срце  (Clathrus ruber)  Photo credits: Andrej Mihajlov

Оваа габа расте во есен, во влажни шуми, ливади и скапани карпи. Слична е на Anthurus archeri, но нејзините пурпурно-црвени лица се раширени и потсетуваат на октопод. Таа не е за јадење поради истите органолептички својства.

Очекувајте повеќе информации  и интересни вести од останатите секции.

Со теорија на терен!

ПЕЛИСТЕР 2019

©2023 ИДСБ | WordPress Theme by Superbthemes.com