Menu
ИДСБ
  • 📄
  • За ИДСБ
  • Секции
    • Алголошка секција
    • Арахнолошка секција
    • Ентомолошка секција
    • Херпетолошка секција
    • Флористичка секција
      • Флористичка Диверзитет
    • Орнитолошка секција
    • Миколошка секција
    • Мамолошка секција
  • Настани
  • Истражувачки акции
    • 2010
    • 2011
    • 2012
    • 2013
    • 2015
    • 2016
    • 2017
  • Денес дознав
  • ✉️ Контакт
ИДСБ

Голема Истражувачка Акција на Истражувачкото Друштво на студенти биолози(ИДСБ) “Попова Шапка 2018”

Posted on Sep 12, 2018Sep 12, 2018

Во период од 07.07.2018 до 22.07.2018 година на Шар Планина, поточно Попова Шапка беше организиран 25-ти по ред истражувачки камп за студентите од Институтот за биологија. Шар Планина  е еден од најголемите и највисоките планински масиви во Македонија и  припаѓа на Шарско-пидинскиот планински систем и спаѓа во малди верижни планини.Шара се протега во правец североисток-запад-југозапад, а се наоѓа во северозападниот дел на Р.Македонија.

Започнува од реката Лепенец и Качаничката Клисура на североисток, на исток границата е определена со Полошката котлина, на југозапад Штировичката Река и изворите на Радика, на југ изворот на реката Вардар – Вруток, а на запад – надвор од територијата на Македонија, со Сириничката Жупа, реката Призренска  Бистрица и нејзината долина, и жупите Гора и Опоље во Косово; додека пак, во Албанија се простира од планината Калабак до Шерупа.

Вкупната ширина изнесува од 10 до 25 км, а вкупната површина што ја зафаќа шарпланинската област изнесува 1.600 км². Шарпланинското било е благо наведнато, заокружено, добар дел рамно, а понекаде и слегнато. Гледано од рамнината, Шар Планина има изглед на питома, лесно браносана планина, со средна висина.

Меѓутоа, сепак, таа е релативно висока планина, која освен со чудесните богатства кои ги поседува, таа привлекува и со грамадноста на својата маса. Општиот изглед на Шара најсилно е изразен од југоисточната страна, каде што над тетовската котлина планината се издига до релативна височина од 2125 м.

По однапред утврдени рути беа посетени следниве поистакнати локалитети: Титов Врв (2748 м),Церипашина (2525 м),Боговињско езеро (1936 м), Јелачки црн врв, Плат (2398м) , Лешница.

This slideshow requires JavaScript.

На ова истражувачка акција учествуваа околу 50-тина луѓе.Покрај студентите биолози, имавме гости од  Косово,студенти од Истражувачко здружение на студенти географи “Природник”-Скопје,професори и асистенти Природно-математичкиот факултет во Скопје, како и стручни соработници од природонаучниот музеј во Скопје,Бугарската академија на науки и Македонското еколошко друштво.

Овој терен е наменет за теренска едукација на членството како и за можност за колекционирање, евидентирање и архивирање на биолошки материјал.

На акцијата активни беа 8 секции: мамолошка, херпетолошка, алголошка, ентомолошка, орнитолошка, миколошка, флористичка и биохемиско-физиолошка.

Па така по теренските активности беа евидентирани неколку регионални, национални и локални ендемити и сите колиционирани материјали од ова акција подоцна ќе подлежат  на  дополнителни лабараториски  обработувања, етикетирања, а подоцна и сортирање во самите  простории на Институтот по биологија во ПМФ-Скопје.

This slideshow requires JavaScript.

Ова година во период од 16.07.2018 до 20.07.2018 во склоп на самата акција учествува и истражувачи и студенти од Црна Гора,Босна и Херцеговина и Албанија преку проектот “Birds Without Borders-BWB”. Најпрво учесниците имаа прилика да се запознат со важноста на самиот локалитет на кој и воедно беше организиран кампот.

Учествуваа во оринитолошките работилници односно терени на Баубинова стена и долината Лешница која се наоѓа во средишниот дел на Шар Планина во пределот на највисоките шарски врвови помеѓу врвовите Среден Камен и Плат и присуствуваа неколку презентации од страна на наши експерти.

Учеството на гостите е поддржано од страна на Western Balkans Fund во рамки на проектот “Birds Without Borders-BWB”кои Македонското Еколошко Друштво и Истражувачкото друштво на студенти биолози го организира со останатите организиации од регионот кои исто така се занимаваат со заштита на птици: Центар за заштита и проучување на птици од Црна Гора,Орнитолошко здружение “Наше птице” oд Босна и Херцеговина и Друштвото за заштита на природата на Албанија.

This slideshow requires JavaScript.

Овогодинешната истражувачка акција на ИДСБ финансиски и логистички беше поддржана преку проектот: “Birds Without Borders-BWB” financed by the Western Balkans Fund (WBF).

ПЕЛИСТЕР 2019

©2023 ИДСБ | WordPress Theme by Superbthemes.com