Menu
ИДСБ
  • 📄
  • За ИДСБ
  • Секции
    • Алголошка секција
    • Арахнолошка секција
    • Биохемиско-физиолошка секција
    • Ентомолошка секција
    • Херпетолошка секција
    • Макрозообентос секција
    • Флористичка секција
      • Флористичка Диверзитет
    • Орнитолошка секција
    • Миколошка секција
    • Мамолошка секција
  • Настани
  • Истражувачки акции
    • 2010
    • 2011
    • 2012
    • 2013
    • 2015
    • 2016
    • 2017
  • Денес дознав
  • ✉️ Контакт
ИДСБ
8-ми конкурс за биофотографија

8-ми конкурс за биофотографија

Posted on Mar 23, 2018Mar 23, 2018

Почитувани, со задоволство ве информираме дека осмиот по ред конкурс за биофотографија е официјално отворен со тема:

Тајниот јазик на цвеќињата

И оваа година конкурсот е тематски! Како главен мотив на делата треба да бидат цветови од растенија кои се сретнуваат во нашата земја.

Со нетрпение ги очекуваме првите фотографии кои се испраќаат исклучиво на официјалниот мејл на конкурсот: biofotokonkurs@gmail.com

Правила:

Цветот/цветовите во фотографијата треба да се фотографирани во природна (нормална) состојба. Сценирани или фотографии со вештачка сценографија, нема да влезат во изборот за Конкурсот.


На секоја испратена фотографија мора да стои воден печат со името или симболот на авторот.


Заедно со фотографиите се испраќаат и податоци (генералии за авторот).


Бројот на испратени фотографии од еден автор е ограничен на две фотографии.


Фотографијата не смее претходно да биде наградувана или објавувана.


Организаторот го задржува правато да ги објавува фотографиите во своите јавни публикации и изданија.


Делата кои не ги исполнуваат условите нема да бидат објавувани.


Делата кои ќе добијат гласови прекy ткн. Like-генератори на FB ќе бидат дисквалификувани.


Право на учество имаат сите без разлика на: возраст, пол, националност и верска припадност.

За повеќе информации околу конкурсот (награден фонд…), можете да прочитате тука.

Конкурсот официјално започнува денес (23.03.18) и ќе трае до 23.04.18.

ПЕЛИСТЕР 2019

©2021 ИДСБ | WordPress Theme by Superbthemes.com