Почитувани, со задоволство ве информираме дека седмиот по ред конкурс за биофотографија е официјално отворен со тема:
Магијата на Габите
И оваа година конкурсот е тематски! Како главен мотив на делата треба да бидат видови на габи кои се сретнуваат во нашата земја.
Со нетрпение ги очекуваме првите фотографии кои се испраќаат исклучиво на официјалниот мејл на конкурсот: biofotokonkurs@gmail.com
- Сите пријавени фотографии ќе бидат поставени на Facebook страната по изминатиот рок за пријавување, кога ќе започне гласањето со лајкови.
- Фотографиите ќе се оценуваат според: FB лајкови, гласови од жири и гласови од Претседателството на ИДСБ.
- Фотографиите се пријавуваат ИСКЛУЧИВО на e-mail адреса biofotokonkurs@gmail.com
- Фото-конкурсот се затвара со изложба и прогласување на победници
РОК НА ИСПРАЌАЊЕ ФОТОГРАФИИ: 20.04.2017
ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ИМА НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА ФАН-СТРАНА НА ФЕЈСБУК.