Работилница со децата од СОС Детско Село

На 10.12.2016 (сабота) во просториите на Природно – математичкиот факултет, Истражувачкото друштво на студенти биолози, одржа предавање и мала работилница како вовед и запознавање на работата на друштвото, за нашите гости – дечињата од СОС детското село.

Предавањето на актуелната тема за балканскиот рис како и демонстрација на лабороториската работа за анализа на материјалите од секциите макрозообентос, арахнолошка и ентомолошка секција, побуди голем интерес и поттикна многу прашања од страна на нашите гости.

Интерактивните предавања и директен контакт со децата за нас е од големо значење со цел приближување, информирање и поттикнување на децата за поголем интерес во науката генерално. Се надеваме дека некој од нив ќе биде наш иден колега.

ИДСБ и во иднина ќе продолжи со серијата јавни предавања од областа на биодиверзитетот како и други атрактивни биолошки теми.