ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ИСТРАЖУВАЧКО ДРУШТВО НА СТУДЕНТИ БИОЛОЗИ

На 23.12.2016 година (петок) се одржа 23-тото по ред Годишно собрание на Истражувачкото друштво на СТУДЕНТИ БИОЛОЗИ.

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ИСТРАЖУВАЧКО ДРУШТВО НА СТУДЕНТИ БИОЛОЗИ

На собранието беа присутни 76 луѓе меѓу кои и деканот на Природно – математичкиот факултет, раководителот на инстутот за биологија, ценети професори и асистенти, гости од Фармацевтскиот факултет и Научното истражувачко здружение, соработници од Македонското еколошко друштво, претставници од Младински образовен форум, колеги од Друштвото на студенти физичари, претставник од Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ),  членови на ИДСБ, спонзори и поддржувачи на Друштвото.

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ИСТРАЖУВАЧКО ДРУШТВО НА СТУДЕНТИ БИОЛОЗИ

Беше презентиран извештајот за работата на Друштвото во изминатава 2016 година и се гласаше за ново раководно тело за идната 2017 година.ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ИСТРАЖУВАЧКО ДРУШТВО НА СТУДЕНТИ БИОЛОЗИЗа нов претседател беше изгласана Марија Тренчева и на нејзин предог беше изгласано и новото претседателство кое ги вклучува:

  • ✅ Ванчо Ѓорѓиев
  • ✅ Алексеј Ановски
  • ✅ Александар Павлов
  • ✅ Андреј Гонев
  • ✅ Бисера Влахова
  • ✅ Светлана Пејовиќ

Се надеваме дека овој тим ќе има плодна и успешна година!


 ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ИСТРАЖУВАЧКО ДРУШТВО НА СТУДЕНТИ БИОЛОЗИ