Вовед во “Do it Yourself Biology” – Waag Society

На ден 10.26.2016, колегите од Природно-математичкиот факултет, како и членовите на ИДСБ, имаа можност да се запознаат со една нова (за нас) платформа на научно-истражувачката дејност која се применува веќе 22 години од страна на Институтот за уметност, наука и технологија – Waag Society (повеќе информации за организацијата прочитајте тука.)14858699_10207230741862894_510043528_o

Можевме да видиме како природните науки, особено биологијата, се развива во една не толку позната насока за нас студентите од овој регион.

Дознавме дека со иновативноста и нови идеи можеме да создадеме наша сопствена лабораторија, која дефинитивно ќе ни ја олесни работата т.е истражувањето.
bio1

Покрај се’, Зоки Радически, односно личноста која одвои време за денешното презентирање за кое сме му бескрајно благодарни, ни покажа што всушност работат тој и неговите колеги. ДНА профилирање, биопринтање, генетско модифицирање, синтетичко биопрофилирање и многу, многу други работи, кои за нас претставуваа една нова димензија во науката, денеска, научивме дека сето тоа е возможно и тоа само со вложен труд и иновација на поединци.

ИДСБ секако дека е заинтересиран за нови идеи и предизвици и сите заинтересирани нека се обратат кај членови од претседателство, на нашaта фејсбук страна или на меил idsbiolozi@gmail.com.

Денешната презетанција можете да ја превземете од следниот линк