Макроинвертебрати: Биоиндикатори за квалитетот на водата

Бентосните макроинвертебрати се организми кои живеат на дното од реките и потоците, не поседуваат ‘рбет и можат да се видат со голо око.

Хидробиолозите ги собираат и ги идентификуваат овие инвертебрати. Врз основа на нивниот диверзитет и сенситивност (чувствителност), можеме да дојдеме до подлабоко разбирање за квалитетот на водните тела.

Бентосните организми можат да бидат:

  • силно сенситивни на загадување
  • средно сенситивни 
  • толерантни на загадување

Силно сенситивни организми

Тоа се организми на кои им треба вода со добар квалитет за да живеат. Некои  имаат потреба од растворен кислород во водата, други сакаат бистра вода, а трети бараат вода која е богата со плен.  Тука припаѓаат ларвите од пролетниците.

Ларви на пролетници (Plecoptera)
Ларви на пролетници (Plecoptera)

Средно сенситивни организми

Организми кои можат да преживеат во слабо загадена вода. Нивните еколошки потреби не се толку строги како на пролетниците.

Во оваа група се сместени:

ларвите на водните молци

Ларви на водните молци (Trichoptera)
Ларви на водните молци (Trichoptera)

ларвите на комарците

Ларви на комарци (Diptera / Tipulidae)
Ларви на комарци (Diptera / Tipulidae)

речните ракови

Crustaceae / Decapoda
Crustaceae / Decapoda

ларвите на еднодневките

Ларви на еднодневки (Ephemeroptera)
Ларви на еднодневки (Ephemeroptera)

ларвите на вилинските коњчиња

Ларви на вилински кончиња (Odonata)
Ларви на вилински кончиња (Odonata)

Толерантни организми

Тоа се организми кои можат да преживеат во води со лош квалитет. Таквите организми најчесто поседуваат адаптации кои им овозможуваат да преживеат во води со ниски нивоа на кислород и богати со хранливи материи.

Тука се наоѓаат ларвите на мушичките.

Ларви на мушички (Chironomidae)
Ларви на мушички (Chironomidae)

Изработил:

Филип Киселовски / Еколошка насока