Menu
ИДСБ
  • 📄
  • За ИДСБ
  • Секции
    • Алголошка секција
    • Арахнолошка секција
    • Ентомолошка секција
    • Херпетолошка секција
    • Флористичка секција
      • Флористичка Диверзитет
    • Орнитолошка секција
    • Миколошка секција
    • Мамолошка секција
  • Настани
  • Истражувачки акции
    • 2010
    • 2011
    • 2012
    • 2013
    • 2015
    • 2016
    • 2017
  • Денес дознав
  • ✉️ Контакт
ИДСБ

Скриеносемени растенија – Нивни карактеристики и значајни видови

Posted on Apr 4, 2016Apr 4, 2016

✘ Oддел FILICINAE – папрати 

✘ Оддел GYMNOSPERMAE (CONIFEROPHYTA) – Голосемени 

✓ Оддел MANGOLIOPHYTA (ANGIOSPERMAE) – Скриеносемени 

Во одделот Magnoliophyta (Angiospermae) се опфатени скриеносемените (цветни) растенија кои се разликуваат од голосемените растенија, пред се по тоа што семеновите зачетоци кај нив се затворени во едно ново образование, образувано од плодните листови, означено како плодник. Плодникот сам, или заедно со другите делови од цветот се преобразува во плод, од кој подоцна ќе се ослободат зрелите семки.

За скриеносемените растенија е карактеристична понатамошна силна редукција на гаметофитoт. Кај Angiospermae има големо разнобразие на цветови. Основен тип на цвет претставува хермафродитниот цвет кој се опрашува сo животни. Цветните членови се распоредени во кругови (пршлени) а околуцветникот најчесто е диференциран на чашка и венче.

Одделот Magnoliophyta е поделен на 2 класи и тоа:

MONOCOTILEDONAE (LILIATAE)
DICOTILEDONAE (MAGNOLIATAE)

GYMNOSPERMAE (ГОЛОСЕМЕНИ)

ПЕЛИСТЕР 2019

©2022 ИДСБ | WordPress Theme by Superbthemes.com