Menu
ИДСБ
  • 📄
  • За ИДСБ
  • Секции
    • Алголошка секција
    • Арахнолошка секција
    • Ентомолошка секција
    • Херпетолошка секција
    • Флористичка секција
      • Флористичка Диверзитет
    • Орнитолошка секција
    • Миколошка секција
    • Мамолошка секција
  • Настани
  • Истражувачки акции
    • 2010
    • 2011
    • 2012
    • 2013
    • 2015
    • 2016
    • 2017
  • Денес дознав
  • ✉️ Контакт
ИДСБ

Arthrobotrys anchonia

Posted on Mar 3, 2016May 17, 2016

Во само неколку грама почва може да се најде богат и разновиден микроскопски живот. Габите и бактериите (како најбројни) се едни од многуте форми на организми кои можат да се сретнат и во најмалите делови на оваа животна средина. Поради компетитивноста за нутритиенти како и физичката блискост помеѓу разните групи на организими настанува развој на повеќе предаторски и паразитски формации.

Врската помеѓу габите и Nematodes не само што е една од најфасцинантните туку и една од најнеочекуваните биолошки случувања кои почнуваат да ја објаснуваат комплексноста на распаѓањето на дрвјата и на карбонскиот циклус. Габите можат да ги пленат нематодите на повеќе начини, но еден од најдрамтичните и најсофистицирани начини се нарекува принцип на стеснувачки прстен.

Започнува со формирање на триклеточен прстен од исправената нишка на хифата кој е околку 20-30 микрони во дијаметар. Кога нематодата ќе се најде во близина на формираниот прстен настанува реакција во која габата и трите клетки се шират со голема брзина и на тој начин го заобиколуваат и прицврстуваат телото на нематодата и таа веќе нема како да избега. Потребно е 1/10 од секунда за клетките кои се составен дел од прстенот да ја достигнат нивната максимална големина, односно да го зголемат својот волумен, а со тоа и површината (од два до три пати). Во
исто време осмотскиот притисок видно се одржува до тој степен што настанатиот притисок може да го прекршителото нанематодата.

Статија - миколошка секција (Ирина)
Nematoda „заробена“ во прстените на предаторската габа Arthrobotrys anchonia.

Трансмисионата електронска микроскопија покажува дека секоја од трите клетки кои го сочинуваат прстенот во внатрешноста имаат резервен ѕиден и мембрански материјал. Се покажало дека со механичка стимулација (со боцкање на тенка игла) може да се стимулира констрикција на прстенот, а истото може да се постигне и со топлинска стимулација.

Се работи за рана фаза бидејќи констрикцијата на прстените не е комплетна. Наведените резултати укажуваат дека постои тригер во форма на линија на слабост во пределот на внатрешниот дел на ѕидот кој стимулира констрикција на прстенот. Кога овој предел ќе го допре нематодата или го стимулира каква било механичка стимулација тој се активира по следниов редослед:

1. Со допир на местото на стимулација доаѓа до прскање налинијата на слабост.

2. Се менува осмотскиот притисок на клетката со тоа што брзо навлегува поголемо количество на вода.

3. Поради ова волуменот на клетката се зголемува до 3 пати.

4. Резервниот ѕид и мембранските материјали се лоцираат на местото на пукнатината и се реорганизираат во форма на нов ѕид и мембрана.

5. Со зголемувањето на волуменот на клетката доаѓа и до намалување на осмотскиот притисок на прстенестите клетки за време на експанзијата.

6. Прстенестите клетки го заобиколуваат телото на нематодата и го држат, но сè уште стеснувањето не го достигнал својот максимум (Слика 1).

7. Потоа се случува брзо конвертирање на резервните материјали во прстенетите клетки при што дозволуваат осмотскиот притисок на клетката да се поврати. Кога осмотскиот притисок ќе се зголеми повеќе од оној на клетките на нематодата тогаш ѕидот на нематодата ќе колабира и нејзиното тело ќе биде стегнато.

8. Во обидот да избега, нематодата најчесто ја заробува својата опашка во вториот прстен при што станува комплетно неподвижна.
9. Од кога ваквата нематода ќе биде заробена во прстените на хифите настанува пенетрација во живото тело и тоа по целата должина при што следи дигестијата на нејзината внатрешност. Ова претставува вистински хорорза нематидите во микросветот! Истото се остварува во рок од 12-24 часа и храната која што габата ја добива на ваков начин се транслоцира во другите делови и се користи за понатамошен раст и развој на вакви „замки“ или за продукција на продуктивно тело на габата.

Клучни зборови: прстен, констрикција, габи, нематоди, хифи.

Корисни линкови: http://www.youtube.com/watch?v=v8Y8 i5DDsHs

Референци: George Barron’s Website on Fungi

Слика позајмена од блогот на Alex Santoso(2006)


Изработила: Ирина Ѓорѓиевска

ПЕЛИСТЕР 2019

©2023 ИДСБ | WordPress Theme by Superbthemes.com