Разлики помеѓу монокотилни и дикотилни растенија (Monocotyledons vs Dicotyledon)

Монокотиледони ?

Монокотиледоните  ја образуваат втората најголема класа на скриеносемени растенија. Монокотиледоните представуваат група која се состои од околу 50 000 видови, 2800 родови и 60 фамилии, што е околу ¼ од вкупното разнообразие на цветни растенија.

При крајот на XX и почетокот на XXI век, ботаничарите-систематичари го зголемиле бројот на фамилии на монокотиледони со разделување на постоечките, така што во некои класификациски системи, растенијата од ,,старата‘‘ фамилија на лилјаните се распоредени во неколку десетици фамилии.

Најмногубројна фамилија во рамките на групата образуваат орхидеите (Orchidaceae со околу 20 000 видови), кои се одликуваат со многу сложени, но прекрасни цветови.

Во земјоделството, поголемиот дел од биомасата на производство доаѓа од монокотиледоните. Тие вклучуваат не само големи зрнести видови како ориз, пченица, пченка, итн., но, исто така и фуражни треви, шеќерна трска и бамбус.

На второ место според бројност на видови е економски важната фамилија на треви (Poaceae со околу 10 000 видови). Други поголеми фамилии образуваат: остриците (Cyperaceae), палмите (Arecaceae), куркума и кардамом (Zingiberaceae), фамилијата на кромидот и лукот (Amaryllidaceae), бананите (Musaceae), како и фамилиите на лилјани, перуники, орхедеи, лалиња и многу други.

О П И С 

Монокотиледоните имаат еден котиледон, или ембрионален лист, во нивните семиња. Историски гледано, оваа функција е искористена за да се разликуваат со дикотиледоните, кои обично имаат два котиледони. Од дијагностички аспект на бројот на котиледони, не се особено корисна карактеристика (бидејќи се присутни многу краток период во животот на растението), и не е сосема природна ваквата поделба. Но сепак, за полесно детерминирање, ги користиме овие 2 клучни карактеристики.

Монокотиледоните се многу поеднoставна група за разлика од дикотиледоните. Се одликуваат со следните карактеристики:

  • Фиброзен (кончест) коренов систем, зародишното коренче обично престанува да расте и се заменува со дополнителни (адветивни) корења;

  • Стеблата ретко се разгранети, спроводните снопчиња се од затворен тип, на напречен пресек на стеблото се распоредени без некој ред;

  • Листовите најчесто го обвиткуваат стеблото, секогаш без прилисници, обично тесни со паралелна или виножитовидна нерватура;

  • Камбиум отсуствува, така што задебелување на стеблата како кај дикотиледоните и голосемениците не се забележува;

  • Цветовите обично се изградени по троен тип: околуцветникот се состои од два трочлени кругови, прашниците се исто така распоредени во два круга по три, плодни листови има три, ретко, наместо бројот 3 кај цветовите се забележува бројот 2 или 4;

  • Монокотиледонски ембрион.

Класификација 

Според системот на Кронквист

По системот на Кронквист, монокотиледоните ја сочинуваат класата Liliopsida, која е поделена на 4 поткласи:

Подкласа: Alismatidae
Ред Cyclanthales
Ред Arales

Подкласа: Commelinidae
Ред Commelinales
Ред Eriocaulales
Ред Restionales
Ред Juncales
Ред Cyperales
Ред Hydatellales
Ред Typhales

Подкласа: Zingiberidae
Ред Bromeliales
Ред Zingiberales

Подкласа: Liliidae
Ред Liliales
Ред Orchidales

Но, таксономијата од ден на ден се менува, што значи дека секојдневно треба да ги следите сите информации за овие групи на растенија.

ГАЛЕРИЈА 

This slideshow requires JavaScript.