Балканска одонатолошка средба (BOOM)

Во периодот од 7ми-15ти август 2015 година се одржа Балканска одонатолошка средба (Balkan Odonatological Meeting – BOOM 2015) во Македонија. Околу 20 учесници од Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Холандија, Германија и Mакедонија беа дел од тимот.

Ова е петта средба од ваков тип, во рамки на која се спроведуваат теренски истражувања, предавања и работилници за вилинските коњчиња. Затоа BOOM претставува можност за стекнување знаења и размена на искуства за вилинските коњчиња, што е важно за Балканските земји и особено за младите студенти.

Досега вакви средби се оддржани во Словенија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Наодите кои се собираат при теренските истражувања претставува збогатување на сознанија за фауната на вилински коњчиња и нивно распространување на Балканот.

unnamed_f_improf_443x83

Во Македонија, теренските истражувања опфатија неистражени подрачја во централна Македонија околу кавадаречкиот и прилепскиот регион, Демиркаписката Клисура, Пелагонија и Мариово.

При посетата беше потврдено присуството на некои значајни видови со ограничено распространување, како Caliaeshna microstigma и Lindenia tetraphylla, кои се покарактеристични за за јужниот дел од земјата.

Белчишко Блато беше едно од целните подрачја за истражување каде се регистрирани 11 вида. Фауната на вилински коњчиња за Македонија брои 64 вида, што претставува скоро половина од европската фауна од оваа група.

За време на петтата Балканска одонатолошка средба во Македонија беа регистрирани 43 видoви. Средбата ја оранизираше Македонското еколошко друштво во соработка со Истражувачко друштво на студенти биолози и Словенечкото одонатолошко друштво.

 

Целата галерија можете да ја погледнете тука.