Centaurea solstitialis L.

Класа: DicotyledonaeCentaurea-solstitialis-L-1-300x197
Подкласа: Asteridae
Ред: Asterales
Фамилија: Asteraceae
Подфамилија: Asteroideae
Род: Centaurea
Вид: Centaurea solstitialis L


Centaurea solstitialis е претставник од фамилијата Asteraceae кој се развива во регионот на Медитеранот. Тоа е растение со сивкасто-зелена боја и многу цврсто стебло, кое растејќи, се разгранува во сите правци и формира големи боцкави грмушки кои во некои случаи можат да достигнат и висина од приближно 2m и нешто повеќе во дијаметар.

Расте многу брзо. C. solstitialis, формира светло жолти цветови, околу кои се распоредени долги, остри боцки. Главниот корен може да достигне должина и до 1m длабоко во почвата,  со што се овозможува непречено развивање во текот на долгите, суви и топли лета.

Растението може да се прилагоди на сушните периоди и ниското ниво на влага во почвата при што варира во својот раст. Во вакви прилики, се развиваат мали по раст претставници кои произведуваат помалку семиња во текот на сушните години. Семето може да остане неактивно во период од 10 години. Расте на рабови од култивирани полиња или пак покрај патишта.

C. solstitialis, е растение токсично за коњите и предизвикува болест на џвакање (Nigropallidal encephalomalacia).

Centaurea-solstitialis-L-2

Сликите се направени во Пробиштип, Село Горно Барбарево)

Изработил: Мартин Трпевски