Menu
ИДСБ
  • 📄
  • За ИДСБ
  • Секции
    • Алголошка секција
    • Арахнолошка секција
    • Биохемиско-физиолошка секција
    • Ентомолошка секција
    • Херпетолошка секција
    • Макрозообентос секција
    • Флористичка секција
      • Флористичка Диверзитет
    • Орнитолошка секција
    • Миколошка секција
    • Мамолошка секција
  • Настани
  • Истражувачки акции
    • 2010
    • 2011
    • 2012
    • 2013
    • 2015
    • 2016
    • 2017
  • Денес дознав
  • ✉️ Контакт
ИДСБ
Сликано во Мариово, над Село Штавица. Гранитни карпи

Asplenium macedonicum Kümm. – Македонски папрат

Posted on Jun 17, 2015May 17, 2016

Редот Filicales е голема група од вишите растенија, кои се широко распространети на целата земјина површина. Поголемиот број од папратите се тревести растенија, со еден вертикален или хоризонтален ризом и најчесто се слабо разгранети. Кај нив, на врвот од стеблото се развива сноп од повеќе перести или пересто насечени листови.

Листовите додека се наоѓаат во пупка се спирално свиткани. Свиткувањето на листовите се должи на побрзото растење на долната страна од листот додека е во пупка. При одвиткувањето на листот, растењето се изедначува.

Кај претставниците кои се сретнуваат на територијата на Македонија, листовите во текот на зимата не презимуваат. Спорангиумите секогаш се образуваат на долната страна од листовите, застапени во голем број. Претставниците од редот Filicales се изоспорни растенија.

Папратите кои се застапени на територијата на Македонија, најчесто се развиваат во влажните шуми и се многу чувствителни на недостигот на влага, но сепак, застапен е и голем број на претставници кои се развиваат и на многу суви станишта.

Некои видови од папратите имаат космополитско распространување, додека некои од нив претставуваат ендемити. Така на пример, Asplenium macedonicum претставува локален македонски ендемит и многу ретко растение. Се развива во пукнатини на гранитни блокови. Неговото распространување е ограничено во околината на Прилеп – Маркови Кули, Трескавец, Селечка Планина.

Сликано во Мариово, над Село Штавица. Гранитни карпи
Сликано во Мариово, над Село Штавица. Гранитни карпи

Класификација

Класа Leptofilices
Ред Filicales
Фамилија Aspleniaceae
Род Asplenium
Вид Asplenium macedonicum Kümm.

Изработил: Мартин Трпевски

ПЕЛИСТЕР 2019

©2021 ИДСБ | WordPress Theme by Superbthemes.com