Menu
ИДСБ
  • 📄
  • За ИДСБ
  • Секции
    • Алголошка секција
    • Арахнолошка секција
    • Ентомолошка секција
    • Херпетолошка секција
    • Флористичка секција
      • Флористичка Диверзитет
    • Орнитолошка секција
    • Миколошка секција
    • Мамолошка секција
  • Настани
  • Истражувачки акции
    • 2010
    • 2011
    • 2012
    • 2013
    • 2015
    • 2016
    • 2017
  • Денес дознав
  • ✉️ Контакт
ИДСБ

Galeodes – Сончев пајак

Posted on Mar 23, 2015May 17, 2016

11079688_891364330884771_1302953595_n

Ова е галеодес или сончев пајак. Иако го носи тривијалното име пајак, технички не се работи за пајак иако спаѓаат во иста класа како пајаците.

Овој безрбетник живее во аридни, односо суви и топли региони. Тој е типичен пустински жител, но го има и во полупустините и во степите. Живеат во Африка и Азија, а јужниот дел на Балканот им е најсеверната точка на распространување.

Се хранат со инсекти и се ноќни животни.

Не се отровни и не напаѓаат луѓе.
Во Македонија се среќава во степоликите региони како што се Мариово, Јужните делови на Овче Поле и Тиквешијата.

 

Примерок најден од истражувачи во околината на Тиквешијата, 2014 год.
Примерок најден од истражувачи во околината на Тиквешијата, 2014 год.

Тој е ноќен ловец и се храни со инсекти или пак помали `рбетници. Преку текот на денот престојува скриен под површината, полу закопани или скриен во сенките на ниско стеблестите растенија.

Во поголеми популации се забележува во Сев. Африка како и делови од Индија.

Во Македонија е редок и поради неговата бројност и поради неговата екологија.
Во некои држави во Африка, како дел од фолколорот е традиционлно организирање на борби меѓу скорпии и нив. Се ставаат во плетени кошници, а луѓето со влог се обложуваат за победникот.

ПЕЛИСТЕР 2019

©2023 ИДСБ | WordPress Theme by Superbthemes.com