Еднодневен подготвителен терен – Водно

11071788_1609847565913966_5805421313864115235_n

На 21 март Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ) организираше еднодневен подготвителен терен за новите членови на друштвото што всушност претставуваше прва теренска активност на друштвото за оваа година воопшто.

Овој терен беше од рекреативен карактер.

-Турата беше организирана класично за искачување за пл. Водно со трасата:

  • ОУ Кочо Рацин-Средно Водно-Крстовар.

На теренот  присуствуваа околу дваесетина нови членови како и неколку раководители, односно ментори на истражувачките секции. Поради временските состојби како и годишниот период вегетацијата сеуште не беше развиена исто како и присуството на животни и габи беше сеуште во мал број, но сепак доволно за да пред новите членови се презентираат истражувачките методи за колекционирање и евидентирање на биолошкиот материјал.10342439_1609847589247297_3269508359589517069_n

Следната еднодневна истражувачка акција е закажана за средината на месец април, а ќе се одржи во централниот дел на државата односно во регионот Овче Поле-Слан Дол.

Водно — средновисока планина сместена во јужниот дел на Скопската Котлина, северна Македонија. Водно има поволна географска положба, бидејќи во негова близина се наоѓаат важни патишта, железници и најпрометното место во земјата, градот Скопје.
Највисоката точка на Водно е врвот Крстовар, висок 1066 м.

Целиот албум може да го погледнете ТУКА.

ИДСБ: Со знаење на терен!