Aranae

Од колкава важност е за пајаците, снабдувањето со вода?

Неколку пајаци покажуваат задолжително апсорбирање на обична вода, иако повеќето можат сосема да ги задоволат своите потреби апсорбирајќи ги само капките вода кои им се на дофат (Сл. 1).

Пајаците ја искористуваат водата која што се наоѓа во самиот плен како и метаболичката вода. Наспроти ваквото конзервативно однесување, кај повеќето пајаци постои некаков ризик од дехидрација, ова се однесува поконкретно за попримитивните мигаломорфни видови.

slika1
Сл. 1

Според тоа женките мигаломорфи во суштина ги поминуваат нивните животи во дупка каде преовладува влага и адултните мажјаци ризикуваат над земјата само навечер и посебно за време или после врнежливи периоди. Мажјаците од инковидните плетачи често се најдени во базени и пералници или во близина на чешми кои протекуваат по градини и тоа укажува на способноста да одговараат на атмосферската влажност и да ги лоцираат своите хабитати на места каде што влагата е релативно голема.

Аранеоморфите се генерално потолерантни кон сушните услови, но мнозинството сепак преферира да се држи настрана од силното сонце и да пребаруваат инсекти помеѓу зелените лисја или во текот на вечерта, доколку хабитатите се поставени на изложено.

Како пајакот располага со непотребните материи кои ги извлекува од исхраната?

За разлика од повеќето инсекти, пајаците не продуцираат обилни количини на фекална материја бидејќи несварливите делови од нивниот плен не навлегуваат во нивниот дигестивен систем. Наместо тоа тие се отфрлаат во близина. Мигаломорфите кои се закопуваат, типично остатоците од егзоскелетите на инсектите ги расфрлаат околу нивните влезови, додека кај мноштво аранеоморфи – плетачи остатоците од инсектите се наоѓаат помеѓу нишките од мрежата. Без разлика, сите пајаци мора да исфрлат од време на време извесна количина на фекална материја.

Постериорниот крај од дигестивната цевка има анален отвор кој нормално е лоциран над (или зад) спинеретите. Токму пред овој отвор се наоѓа слепо ќесе наречено клоака и тука е складирана таа извесна количина на нерастворливи материи се додека не биде прикладна екскрецијата. Пајаковиот ,,фецес’’ обично е белузлав по боја бидејќи содржи азотни отпадоци, посебно гванин, аденин, хипоксантин и мочна (урична) киселина, од кои сите се бели и покрај тоа што кај некои пајаци може да има некакво конфискување од отпадни материи на внатрешните површини од егзоскелетот, можеби за тие да бидат ,,екскретирани’’ при преслекувањето на пајакот. Кај пајаците отсуствува црн дроб, жолчка, бубрези и мочен меур, така што тие не можат да ги екскретираат непотребните материи во жолчката или како течна урина. Меѓутоа, абдоменот поседува неколку деликатно тубуларни структури (Малпигиеви тубули) за кои се верува дека повеќето нивни функции се слични како тие на бубрезите од цицачите.

Колку често мораат пајаците да јадат?

Врз диеталните навики на пајаците во голема мера влијае амбиенталната температура, како и начинот на однесување на нивниот плен. За разлика од луѓето, тие не вклучуваат по три оброка дневно секој ден. Наместо тоа, тие се опортунистички консументи и ќе се исхранат со толку инсекти колку што ќе успеат да уловат во краток временски период. Тоа значи дека можат да поминат недели кога популацијата на инсектите во делот од светот каде што се наоѓаат е ниска, при што пајаците немаат прилики за исхранување одреден период. Бидејќи се поикилотермни и поголемиот дел од денот се инактивни оваа привремена загуба од снабдување со храна не претставува проблем. Но, долготрајните периоди од присилно гладување на крајот ќе ги доведе до смрт. Всушност ова е веројатно една од причините поради која изложените адултни женки од повеќето видови, посебно плетачите, ги напуштаат нивните мрежи и умираат со пристигнувањето на зимата.

Дали пајаците при хибернацијата складираат енергетски материјал?

Во мала мера тие веројатно можат, но нивните енергетски потреби се многу мали во ладни услови, па многу пајаци живеат неколку месеци вкочанети без внес од храна и потреба од значителни топлотни резерви. За среќа, пајаковиот абдомен не е обвиен со егзоскелет, што овозможува истиот да се собира или да се шири. Тоа им дозволува на адултните женки да развиваат голем број на јајца во овариумите, но проширениот абдомен исто дозволува складирање на вода и разложени нутриенти барем за релативно кратки временски периоди.

Изработил: Ана Марија Атанасовска