Menu
ИДСБ
  • 📄
  • За ИДСБ
  • Секции
    • Алголошка секција
    • Арахнолошка секција
    • Биохемиско-физиолошка секција
    • Ентомолошка секција
    • Херпетолошка секција
    • Макрозообентос секција
    • Флористичка секција
      • Флористичка Диверзитет
    • Орнитолошка секција
    • Миколошка секција
    • Мамолошка секција
  • Настани
  • Истражувачки акции
    • 2010
    • 2011
    • 2012
    • 2013
    • 2015
    • 2016
    • 2017
  • Денес дознав
  • ✉️ Контакт
ИДСБ

Achnanthes

Posted on Nov 26, 2014Feb 16, 2015

Achnanthes Bory


  • Ред: Achnanthales
  • Фам: Achnanthaceae
  • Род: Achnanthes Bory

Фрустулата кај родот Achnanthes е хетеровалвална т.е. едната валва има рафа, а на другата валва таа отсуствува. Валвата која има рафа обично поседува задебелено силициумово централно поле наречен стаурос. Другата валва не поседува централно поле. И стернумот може да биде поставен на маргините на валвата. Валвите се благо свиткани околу трансапикалната оска. Плеурално се чини дека валвата без рафа е повеќе орнаментирана (украсена) од таа со рафа. Стриите може да се унисеријатни или мултисеријатни кои се карактеристични за видовите.
Видовите или се самостојни или може да формираат кратки синџири. Живите клетки се прикрепени за супстратот со мукозна дршка која се формира од валвата со рафа. Повеќето видови се морски, а мал број се епифити на мовови и лишаи во аерофитни станишта.

  • Achnanthes1. хетеровалвална фрустула
  • 2. рафата поседува фасција или стаурос
  • 3. валвите плеурално се благо свиткани
  • 4. валвата без фасција, стернум поставен на маргините

ПЕЛИСТЕР 2019

©2021 ИДСБ | WordPress Theme by Superbthemes.com