Menu
ИДСБ
  • 📄
  • За ИДСБ
  • Секции
    • Алголошка секција
    • Арахнолошка секција
    • Биохемиско-физиолошка секција
    • Ентомолошка секција
    • Херпетолошка секција
    • Макрозообентос секција
    • Флористичка секција
      • Флористичка Диверзитет
    • Орнитолошка секција
    • Миколошка секција
    • Мамолошка секција
  • Настани
  • Истражувачки акции
    • 2010
    • 2011
    • 2012
    • 2013
    • 2015
    • 2016
    • 2017
  • Денес дознав
  • ✉️ Контакт
ИДСБ

Флората во Република Македонија

Posted on Nov 28, 2014Nov 28, 2014

Република Македонија има богата и разновидна флора. Тоа се должи на нејзината географска положба на Балканскиот Полуостров, како и на климатските, геолошките, геоморфолошките услови и геолошкото минато.

Богатата флора на Балканскиот Полуосторов се карактеризира со присуство на голем број ендемични и реликтни видови. Иако територијата на Македонија покрива само мал дел од Балканот, таа ги поседува флористичките карактеристики кои се типични за останатите делови на полуостровот.

Поради климатското влијание од Јадранското и Егејското Море, во Mакедонија се среќаваат голем број медитерански и субмедитерански видови кои длабоко навлегуваат на нејзината територија. Северната граница на распространување на голем број медитерански видови како и јужната граница на распространување на бројни континентални.

Исто така, Македонија претставува и западна граница на распространување на некои одделни видови карактеристични за Блискиот Исток и Мала Азија, како и источна граница на распространување на многу западноевропски видови. Помеѓу нив, значајна улога имаат и некои арктички, алпски и бореални видови чии станишта се наоѓаат во високопланинскиот појас, особено по високите планински врвови.

Историскиот развој на флората на Македонија довел до присуство на голем број ендемични и реликтни видови, кои се главно распространети во западниот дел од територијата на Македонија.

Таков е случајот со растителните видови кои потекнуваат од терциерниот и глацијалниот период, и се развиваат едни покрај други на високите планини, како и голем број ретки ендемични и реликтни степски видови, кои се среќаваат главно во низините на централна Македонија.

Деловите од територијата кои се карактеризираат со специфична комбинација и концентрација на ендемити (особено клисурите) обично се нарекуваат рефугиуми (заради тоа што одиграле улога на прибежиште за многу видови за време на глацијациите од леденото доба – плеистоцен).

Во Македонија се идентификувани 11 ботанички рефунгиуми, претежно врз основа на присуството на одредени дрвенести растителни видови како критериум (Ем, Џеков и Ризовски).

Извадок од „Значајни растителни подрачја во Република Македонија“.

ПЕЛИСТЕР 2019

©2021 ИДСБ | WordPress Theme by Superbthemes.com