Преслекување кај пајаци

Како се одвива преслекувањето?

Егзоскелетот се состои од неколку слоеви на кутикула, сложен материјал составен од разни протеини и хитин (долговерижен полисахарид), правејќи го со тоа екстремно цврст и високо ефективен; но исто така има и свој недостаток. Тој е доволно флексибилен за движење, но не може да расте.

Наместо да ја зголеми својата големина, пајакот мора да формира нов и поголем егзоскелет и да го преслече стариот. Во својот живот пајакот во просек се преслекува од 5 – 7 пати. Пајаците, како што се тарантулите кои имаат долг животен век до 25 години се преслекуваат секоја година. Не поради тоа што тие постојано растат, туку бидејќи исто како и нашата облека и нивната кожа станува износена.

Преслекувањето се случува често пред пајакот да достигне зрелост, меѓутоа некои видови продолжуваат да се преслекуваат и понатака во текот на животот.

preslekuvanje
Преслекување кај пајаците (сл.1)

Во соодветното време, хормоните се тие кои иницираат телото да апсорбира дел од подолниот кутикуларен слој на егзоскелетот со што започнува секреција на кутикуларен материјал за да се формира новиот егзоскелет. Пајакот исто така лачи преслекувачки флуид помеѓу стариот и новиот егзоскелет. Еднаш штом биде формиран новиот егзоскелет, пајакот го апсорбира преслекувачкиот флуид. Ова создава меѓупростор помеѓу двата егзоскелета со што овозможува нивно полесно сепарирање.

За да го преслече стариот егзоскелет, пајакот мора наеднаш да го притисне одвнатре. Се зголемува бројот на срцеви отчукувања со што ќе се испумпа голема количина на хемолимфа од абдоменот во цефалотораксот. Притисокот се зголемува во цефалотораксот, со што се турка стариот егзоскелет, сè додека истиот не напукне.

Некое време пред преслекувањето, обично неколку дена, пајаците престануваат да се хранат. Физиолошките процеси кои се пропратени со ослободување на стариот егзоскелет од ткивата под него обично резултираaт со разни промени на боите, како на пример темнеење. Нервниот контакт со стариот егзоскелет е застапен речиси до крајната фаза во процесот. Обично новиот егзоскелет е стуткан бидејќи треба да се прилагоди на поширок облик од претходниот.

Ензимите ја разложуваат наслојката помеѓу кожата и остатокот од телото. Новата кожа почнува да се формира под старата. Нервите остануваат поврзани на сензорните органи од старата кожа со што пајакот на тој начин се лишува од неопходните сигнали од сензорните органи на екстремитетите. Непосредно пред преслекувањето, пајакот виси превртено. Притисокот на крвта испумпана во главата се накачува од 20 kPa до 40 kPa. Кожата почнува да се откинува на хелицерите и пукнатината се проширува до абдоменот. Доколку кожата е олабавена од цефалоторакалниот дел,се покачува крвниот притисок во абдоминалниот дел.

Често се случува да имаат откинати екстремитети. По преслекувањето изгубените екстремитети се регенерираат. По првото преслекување новоформираните екстремитети кои се регенерираатсе помали од останатите. По второто преслекување, ваквите разлики во должината одвај се забележуваат. Типично, пајакот е одговорен за поголемиот дел од своето растење веднаш по губењето на стариот егзоскелет, додека новиот е сè уште доста флексибилен. Новиот егзоскелет е премногу мек во оваа фаза, правејќи го пајакот ранлив и немоќен за напад. Голем број пајаци висат на конец за време на процесот (Слика 1), додека не се зацврсти кутикулата, со цел да избегнат.

Веднаш по преслекувањето пајакот изгледа поизбледено од вообичаено, со што се зголемува ризикот од повреди и сушење додека целосно не се зацврсти новиот егзоскелет. Не се знае што го предизвикува преслекувањето, но во можните механизми се вклучени поволните услови како магла или дожд (што е случај со мигалморфите) или присуството на партнерот. Промените на средината пајакот можно е да ги детектира преку нервниот систем, но близината на женката веројатно е причина за преслекувањето на мажјакот преку ослободувањето на феромоните.