2013 – Прва теренска активност

Првата теренска активност за оваа година ќе се одржи по долината на река Радика на 28.04.2013 (недела). Ве покануваме да ни се придружите на еднодневниот едукативен научно-истражувачки терен!

Биолози, хемичари, математичари… средношколци… сите кои сте заинтересирани за научно истражувачка дејност, без разлика дали сте членови на друштвото или не, може да присуствувате!

Секоја секција ќе им го објасни принципот на работа на новите членови!

Се тргнува во 7 часот од паркингот спроти хотел Континентал, а цената за превоз е 260 денари. Вашето учество можете да го пријавите (најдоцна до 19 Април) на:

  • Нашата mail адресата idsbiolozi@gmail.com,
  • Во “Kлуб на биолози” на Институтот за биологија,
  • Директно кај членовите на претседателство.

Плаќањето за повратниот билет треба да се направи најдоцна до 19 април.

Во “Клуб на биолози” може да нè најдете на некој од следниве датуми:

11.04. од 12 до 14 часот,
12.04. од 10 до 12 часот,
15.04. од 12 до 14 часот.
Дојдете и бидете инфицирани со теренски дух!

До тогаш,

голем поздрав!