Menu
ИДСБ
  • 📄
  • За ИДСБ
  • Секции
    • Алголошка секција
    • Арахнолошка секција
    • Биохемиско-физиолошка секција
    • Ентомолошка секција
    • Херпетолошка секција
    • Макрозообентос секција
    • Флористичка секција
      • Флористичка Диверзитет
    • Орнитолошка секција
    • Миколошка секција
    • Мамолошка секција
  • Настани
  • Истражувачки акции
    • 2010
    • 2011
    • 2012
    • 2013
    • 2015
    • 2016
    • 2017
  • Денес дознав
  • ✉️ Контакт
ИДСБ

Мониторинг на Балкански Рис

Posted on Nov 26, 2014Dec 1, 2014

Почитувани студенти биолози, проектот ”Статус, екологија и окупираност на територијата кај критично загрозениот балкански рис Lynx lynx martinoi во Македонија и Албанија“ (реализиран од Македонско еколошко друштво) има потреба од волонтери за реализирање на теренските активности како барање на траги, работа со стапици за рис и радио телеметрија во периодот од 11 до 13 02.2011 година во националниот парк Маврово. Македонско еколошко друштво на волонтерите ќе им ги покрие патните трошоци, сместувањето и трошоците за храна.

Заинтересираните студенти да се пријавуваат во клубот на Истражувачко друштво на студенти биолози и на следните адреси: ivanov@mes.org.mk (Ѓорги Иванов) и ljubica_zupanoska@yahoo.com(Љубица Жупаноска).

Пријавувањето ќе трае до 28.01.2011 (Петок) до 15:00 часот за кога е закажан и состанокот помеѓу заинтересираните волонтери и членовите на МЕД за мониторинг на балканскиот рис. Состанокот ќе се одржи во Биолошкиот амфитеатар при Институтот за биологија а присуството за заинтересираните волонтери е задолжително.

Поздрав, со надеж за соработка

Ѓорге Иванов

Македонско еколошко друштво

24.01.2011 година, Скопје

ПЕЛИСТЕР 2019

©2021 ИДСБ | WordPress Theme by Superbthemes.com