Истражувачка акција – Преспа 2010

Истражување на биолошката разновидност во Преспанскиот регион.


Во преиодот од 7-21 јули 2010 година, Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ), реализираше повеќедневен истражувачки камп во Преспанскиот регион, во рамки на проектот „Истражување на биолошката разновидност во Преспанскиот регион“. На истражувачката акција заземаа учество 60-тина членови на ИДСБ, најголем број студенти по биологија на Институтот за биологија при Природно-математички факултет (ПМФ)-Скопје, средношколци, како и студенти од сродни организации од Албанија, Хрватска, Србија, Словенија и Грција. Едукативниот дел беше збогатен со учеството на професори од Институтот за билогија при ПМФ, претставници на Македоско еколошко друштво (МЕД), како и други стручни соработници од земјава и странство. Учесниците на истражувачкиот камп беа сместени во кампот „Отешево“. Проектот беше реализиран во соработка и кординација со ЈУ Национален парк „Галичица“ и канцеларијата на UNDP – Ресен.

Во теренските истражувањата во текот на акцијата учество заземаа најголем број од секциите на ИДСБ: алогошката, ентомолошката, биохемиско-физиолошката, секцијата за макрозообентос, мамолошката, миколошката, орнитолошката, секција за пределна екологија, флористичката и хепетолошката секција. Главна цел на истражувањето беше да се изработи анализа на состојбата на билошката разновидност и блатните екосистеми и останатите влажни хабитати во Преспанскиот регион. Меѓудругото се спроведоа истражувања за состојбата на билошката разновидност на планината Галичица во рамки на Националниот парк „Галичица“, со организирање на тридневен истражувачки камп во планинарскиот дом Асан Ѓура, како и неколку еднодневни истражувања на островот Голем град.

За време на истражувачката акција студентите се стекнаа со дополнителни знаења за работа на терен, за начинот на обработка на собраниот матернијал и средување на податоците во привремената лабораторија за биолошки истражувања која самите ја конструираа во кампот „Отешево“. Студентите добија јасна претстава за значењето на природните вредности кои го карактеризираат Преспанскиот регион и Преспанското езеро.