Истражувачка акција – Мариово 2012

Истражувачката активност ќе биде изведена од 07.07 – 20.07.2012 во регионот на прилепско Мариово.


Сместување во с. Мелница, конаците на манастирот св. Илија. Пријавувањето трае до 01.07.2012 (недела). Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени овде и во клубот на биолози при Институтот за биологија, ПМФ на 02.07.2012. Критериуми за учество:

учество на еднодневната и тродневната активност
субјективна проценка од страна на раководителот и менторот на секцијата во која членувате
земање учество во било која од активностите наведени во Работниот план на ИДСБ за 2012 година