2013 – Втора теренска активност

Аџина река и Луково Поле


Втората еднодневна теренска активност оваа година ќе ги опфати долината на Аџина река и Луково Поле, на ден 09.06.2013 год. (недела).

Се тргнува во 6:30 h од паркингот спроти Саем.
Цената за превоз е 290 денари.
Ги охрабруваме да се пријават СИТЕ заинтересирани, но ве известуваме дека при изборот ќе имаат предност сите суденти биолози.

Може да се пријавите заклучно со 04.06. на маил idsbiolozi@gmail.com, а доколку не сте во можност да ни пратите mail како што не известија неколку студенти, може да ни пратите порака на Facebook или да ги исконтактирате членовите на претседателство на ИДСБ. Листата кои ќе присуствуваат ќе ја објавиме на 05.06.

Обележаната жолта патека е патеката по која ќе се движиме. Долната линија – Аџина Река, потоа кон Луково Поле. Локалитети кои се уште поубави од минатиот терен и со голем биодиверзитет.

Голем поздрав!
Претседателство на ИДСБ