Menu
ИДСБ
  • 📄
  • За ИДСБ
  • Секции
    • Алголошка секција
    • Арахнолошка секција
    • Ентомолошка секција
    • Херпетолошка секција
    • Флористичка секција
      • Флористичка Диверзитет
    • Орнитолошка секција
    • Миколошка секција
    • Мамолошка секција
  • Настани
  • Истражувачки акции
    • 2010
    • 2011
    • 2012
    • 2013
    • 2015
    • 2016
    • 2017
  • Денес дознав
  • ✉️ Контакт
ИДСБ

Флористичка секција

Активностите на оваа секција се поврзани со истражување на растителниот диверзитет во Македонија. Работата на флористичката секција е поделена на теренски и лабораториски дел. Во рамките на теренските активности е предвидено идентификација на растенијата на терен и нивно собирање. Обично растенијата се собираат со корен, со исклучок на грмушестите и дрвенестите видови. Собраните растенија на терен се ставаат во пластична кеса за да останат што е можно посвежи и позачувани.

При собирањето на растенијата се запишува и датата на собирање, стаништето, надморската висина и локалитетот кајшто е собрано. Доколку растението/јата ни се познати, во тој случај само фотографираме и запишуваме. Собраните растенија понатаму неколку дена се сушат и пресуваат во хартии и од нив се прават хербарски примероци.

Понатамошниот дел на активностите се одвива во лабораторија, каде исушените растенија се лепат и етикетираат (на посебно ливче или етикета се запишува локалитет, станиште, дата, надморска висина и се прикачува на листот каде е залепено растението). Следува нивно детерминирање (одредување) со помош на посебен клуч за одредување растенија. Добиените резултати се внесуваат во база на податоци за растенија на Македонија.

Со помош на овие активности имаме секогаш достапни информации за диверзитетот и распространетоста на растенијата во Македонија.

Раководител на секција: Ана Варелова

Ментор на секција: Светлана Пејовиќ

Запознавање со редот Saxifragales

Posted: May 10, 2016

Редот Saxifragales го води своето потекло од најпримитивните претставници на фам. Rosaceae – подфам. Spiraeoideae. Тоа се едногодишни или повеќегодишни тревести растенија, многу ретко полугрмушки или мали грмушки. Листовите се последователни или наспрамни, прости, целокрајни или насечени, обично без прилисници. Цветовите се најчесто хермафродитни, актиноморфни, со двоен перијант. Венечните листови се слободни. Прашниците се во…

0 comments

Скриеносемени растенија – Нивни карактеристики и значајни видови

Posted: Apr 4, 2016

Во одделот Magnoliophyta (Angiospermae) се опфатени скриеносемените (цветни) растенија кои се разликуваат од голосемените растенија, пред се по тоа што семеновите зачетоци кај нив се затворени во едно ново образование, образувано од плодните листови, означено како плодник. Плодникот сам, или заедно со другите делови од цветот се преобразува во плод, од кој подоцна ќе се ослободат зрелите семки….

0 comments

Еволутивен развиток на вишите растенија: Папрати – Голосемени – Скриеносемени

Posted: Apr 4, 2016

PTEROPSIDA – Папратовидни растенија Типот Pteropsida е најголем тип во растителниот свет. Тоа е доминантна група во рамките на вишите растенија кои имаат мошне значајна улога во составот на растителниот свет на нашата планета. Типот на листовите кај папратовидните растенија во текот на еволуцијата се покажал како многу попластичен, отколку кај останатите групи на виши растенија…

0 comments

Голосемени растенија – Нивни карактеристики и значајни видови

Posted: Mar 31, 2016

Тип PTEROPSIDA Голосемените растенија претставуваат исклучиво дрвенести или грмушести растенија. Стеблото кај нив се карактеризира со присуство на отворени колатерални снопчиња, кои се прстеновидно распоредени, а со помош на еден камбиум тоа расте секундарно во дебелина. Дрвесината кај овие растенија се одликува со присуство на трахеиди, додека трахеи отсуствуваат. Во флоемот отсуствуваат придружни клетки. Листовите…

0 comments

Разлики помеѓу монокотилни и дикотилни растенија (Monocotyledons vs Dicotyledon)

Posted: Mar 30, 2016

Монокотиледони ? Монокотиледоните  ја образуваат втората најголема класа на скриеносемени растенија. Монокотиледоните представуваат група која се состои од околу 50 000 видови, 2800 родови и 60 фамилии, што е околу ¼ од вкупното разнообразие на цветни растенија. При крајот на XX и почетокот на XXI век, ботаничарите-систематичари го зголемиле бројот на фамилии на монокотиледони со разделување…

0 comments

Флората во Република Македонија

Posted: Nov 28, 2014

Република Македонија има богата и разновидна флора. Тоа се должи на нејзината географска положба на Балканскиот Полуостров, како и на климатските, геолошките, геоморфолошките услови и геолошкото минато. Богатата флора на Балканскиот Полуосторов се карактеризира со присуство на голем број ендемични и реликтни видови. Иако територијата на Македонија покрива само мал дел од Балканот, таа ги…

0 comments

Флористичка секција и нејзините активности

Posted: Nov 28, 2014

Активностите на оваа секција се поврзани со истражување на растителниот диверзитет во Македонија. Работата на флористичката секција е поделена на теренски и лабораториски дел. Во рамките на теренските активности е предвидено идентификација на растенијата на терен и нивно собирање. Обично растенијата се собираат со корен, со исклучок на грмушестите и дрвенестите видови. Собраните растенија на…

0 comments

ПЕЛИСТЕР 2019

©2022 ИДСБ | WordPress Theme by Superbthemes.com