Симпозиум на студенти биолози со интернационално учество

Симпозиум на студенти биолози

На 15 октомври 2012, во организација на Истражувачко друштво на студенти биолози, се оддржа„Симпозиум на студенти биолози со интернационално учество“, во рамките на четвртиот „Конгрес на еколозите на Mакедонија со меѓународно учество“.

На симпозиумот учество заземаа студенти од Институтот за Биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје и студенти од Универзитетот за Природни науки во Загреб. Притоа беа оддржани 5 усни и 13 постер презентации. Во изработка на овие трудови вкупно учество имаат заземено 50 биолози студенти и 23 ментори.

Усните презентации беа на тема:

  1. „Диверзитет и дистрибуција на пеперутките (Lepidoptera, Papilionidea & Hesperoidea) во преспанскиот регион“ (Božinovska, E. & Melovski, D. – Diversity and distribution of butterflies (Lepidoptera, Papilionidea & Hesperoidea) in the Prespa Region, Macedonia)
  2. „Необичното репродуктивно однесување на две одделни популации на Testudo hermanni – прелиминарни резултати“ (Arsovski, D., Golubovic, A., Bonnet, X. & Tomovic, Lj. – Intriguing reproductive behavior of two contradistinctive populations of Testudo hermanni boettgeri – preliminary results)
  3. „Халуциногени габи во Република Македонија“ (Gjorgievska, I., Rusevska, K. & Karadelev, M. – Hallucinogenic fungi in the Republic of Macedonia)
  4. „Анализа и валоризација на макроинвертебратите од планина Караџица“ (Shoreva, I., Blinkova, M.,Cvetkovska, C., Tarchugovska, M., Mancheva, A., Rimcheska, B. & Slavevska-Stamenković, V. – Assessment and evaluation of macroinvertebrates from Karadzica Mountain)
  5. „Мапирање на влажните станишта околу Преспанско Езеро“ (Nikolov, L., Avukatov, V., Redjovikj, E., Nikudinoska, A., Jovanovska, D. & Melovski, Lj. – Mapping of the wetlands surrounding Prespa Lake)

Постерите може да ги погледнете :

poster8 poster9 poster7 poster5 poster11 poster1 poster6 poster13 poster10 poster2 - Copy poster 3 poster4 poster12

 

Leave a Reply