Menu
ИДСБ
  • 📄
  • За ИДСБ
  • Секции
    • Алголошка секција
    • Арахнолошка секција
    • Ентомолошка секција
    • Херпетолошка секција
    • Флористичка секција
      • Флористичка Диверзитет
    • Орнитолошка секција
    • Миколошка секција
    • Мамолошка секција
  • Настани
  • Истражувачки акции
    • 2010
    • 2011
    • 2012
    • 2013
    • 2015
    • 2016
    • 2017
  • Денес дознав
  • ✉️ Контакт
ИДСБ

Орнитолошка

Примарна активност на орнитолошката секција е набљудување на птиците, утврдување на нивниот диверзитет и дистрибуција. Секоја птица, без разлика дали е дневно или ноќно активна, има специфични морфолошки карактеристики (како обојување на пердувите, форма и големина на телото), специфично однесување (став на птицата, начин на летање, движење по земја или по гранки, степен на социјализација), специфично огласување и карактеристичен опсег на живеалишта во кои се среќава.

Колку повеќе од овие информации познаваме за видот кој го набљудуваме, толку полесно и поточно ќе можеме да го идентификуваме.

Со цел ефикасна работа на терен, неопходно е секој набљудувач на птици да ги поседува основните орнитолошки реквизити: двоглед, теренски бележник (теренски дневник) и прирачник за птици. Дополнителната опрема како телескоп, фотоапарат, компакт дискови со снимени песни и повици на птиците и други аудио податоци, ќе придонесе за собирање повеќе и поточни податоци.

Податоците собрани на терен се класифицираат во листа која ги содржи информациите за локалитетот и живеалиштето, бројноста на забележаните видови, половиот сооднос, гнездечкиот статус, евентуално огласување и дополнителни информации за специфичниот начин на однесување. Вака обработените податоци служат за одредување на различни популациони параметри на орнитофауната на истражуваното подрачје.

Раководител на секција: Ненад Петровски

Ментор на секција: Д-р. Методија Велевски

Бувовите во Македонија

Posted: Nov 29, 2014

Кога збориме за бувовите, збориме за едни од најубавите и најкорисните птици на планетава. Многу малку знаеме за нив и многу ретко размислуваме за нив, но никогаш не е доцна. Во светот има 225 видови, сите различни по изглед, големина, боја, однесување и место на живеење. Се делат на две современи семејства: Strigidae (типични бувови)…

0 comments

Орнитолошка секција – Запознавање

Posted: Nov 28, 2014

Примарна активност на орнитолошката секција е набљудување на птиците, утврдување на нивниот диверзитет и дистрибуција. Секоја птица, без разлика дали е дневно или ноќно активна, има специфични морфолошки карактеристики (како обојување на пердувите, форма и големина на телото), специфично однесување (став на птицата, начин на летање, движење по земја или по гранки, степен на социјализација),…

0 comments

ПЕЛИСТЕР 2019

©2022 ИДСБ | WordPress Theme by Superbthemes.com