Мамолошка

Основна цел на мамолошката секција е да го утврди присуството на оделни видови крупни и ситни цицачи, како и проценка на нивната област на распространување. Истражувањето на фауната на цицачите се спроведува со помош на следниве методи:

  • метод на фото-замки
  • метод на пронаоѓање и следење на траги по должина на трасект
  • детектор за лилјаци и
  • мртволовки и живоловки

Пронаоѓање и следење на траги по должина на трансект е еден од основните методи за утврдување на присуство или отсуство на крупните цицачи. По должината на трансектите се бараат стапки, влакна, измет и други знаци на присуство на крупни цицачи во средината. Освен овој метод, се употребува и методот на фото-замки.

Фото-замката е составена од аналогна камера поставена во заштитна кутија и поврзана со топлински сензор или сензор за движење кој го активира апаратот во моментот кога животното ке помине.

Детекторот за лилјаци е уред кој ги регистрира ултразвуците кои ги испуштаат лилјаците и во зависност од фрекфенцијат ана звукот се индетификуваат родовите или видовите на лилјаците. За истражување на ситните цицачи се употребуваат мртволовки и живоловки, кои се поставуваат на различни локации. Се поставуваат на самрак, а се проверуваат рано наутро. Материјалот се собира и се детерминира. На крај се подготвува извештај со обработени податоци.

Раководител на секција: Андреј Гонев (andrejgonev@hotmail.com)

Ментор на секција: М-р. Ѓорѓе Иванов

Балканскиот рис – Официјално критично загрозен вид

Во минатото, рисот бил распространет на целата територија во западните и јужните делови на Македонија, како и на некои планини во источна Македонија. Со влошување на животните услови балканскиот рис целосно исчезнува од источните делови на Македонија, така што денес може да се најде само во густите шуми и недопрени области во Западна Македонија. Последните податоци за

0 comments

Програма за закрепнување на балканскиот рис

“Караџица 2011“ Балканскиот рис е опишан како посебен подвид Lynx lynx balcanicus (martinoi). Најчесто се среќава во планинските региони на Балканот, со најголема бројност во планинските региони на границата помеѓу Македонија и Албанија. Дел од научната заедница не се согласува балканскиот рис да биде одделен како посебен подвид, но прелиминарните анализи покажуваат јасни генетски разлики

0 comments

Биоакустика

Животинската биоакустика, често се нарекува едноставно биоакустика и е студија на звукот во нехуманите форми. Тоа вклучува: животинската комуникација и поврзаноста со однесувањето, анатомијата и неуропсихологијата на производство на звук кај животните, аудитивни капацитети и аудитивни механизми на животните и инструментални хидролокатори. Најчесто се користи за проценка на популацијата со идентификација; проучување на однесувањето на

0 comments

Мамолошка секција – Запознавање

Основна цел на мамолошката секција е да го утврди присуството на оделни видови крупни и ситни цицачи, како и проценка на нивната област на распространување. Истражувањето на фауната на цицачите се спроведува со помош на следниве методи: метод на фото-замки метод на пронаоѓање и следење на траги по должина на трасект детектор за лилјаци и

0 comments