Макрозообентос

Основна задача на оваа секција е истражување на диверзитетот на макроинвертебратната фауна од слатководните екосистеми (во прв ред потоците и реките, но и неистечните води).

Поимот макрозообентос обединува без‘рбетни животни од различни таксономски групи кои го населуваат дното (или бенталната зона) на водните екосистеми. Оваа група организми е мошне важна за функционирањето на екосистемот, бидејќи се јавува како важна алка во синџирот на исхрана од која зависат повеќето други водни организми.

Според ова, исчезнувањето на оваа заедница би претставувало закана за останатиот жив свет кој зависи од неа (риби, водоземци, водни птици и сл.). Макроинвертебратите се многу осетливи на физичко-хемиските промени во животната средина, што ги прави одлични биолошки индикатори. Настанатите промени можат да се набљудуваат како на видово, така и на индивидуално ниво и на ниво на заедници.

Истражувањата се поделени на теренски и лабораториски дел. Теренскиот дел од истражувањето опфаќа собирање на зоолошки материјал и негово соодветно конзервирање. Методите на собирање на материјалот можат да бидат квалитативни и квантитативни.

Со квалитативниот метод се добиваат податоци за присуството или отсуството на одделни животни (чисто таксономско истражување), додека со квантитативниот се врши проценка на бројот и биомасата на одделни таксони од макрозообентосот на единица површина или волумен. Со овој метод се добиваат информации и за богатството на видови, дистрибуцијата и продуктивноста на единките во рамките на видот. Лабораторискиот дел од истражувањето се состои од детерминација на собраниот материјал, а по потреба го вклучува и квантитативниот метод.

  • Раководител на секција: Теодора Павловска
  • Ментор: Доц. д-р. Валентина Славевска Стаменковиќ

Макроинвертебрати: Биоиндикатори за квалитетот на водата

Бентосните макроинвертебрати се организми кои живеат на дното од реките и потоците, не поседуваат ‘рбет и можат да се видат со голо око. Хидробиолозите ги собираат и ги идентификуваат овие инвертебрати. Врз основа на нивниот диверзитет и сенситивност (чувствителност), можеме да дојдеме до подлабоко разбирање за квалитетот на водните тела. Бентосните организми можат да бидат: силно

0 comments

Заедно да го спасиме Дојран!

Дојранско Езеро, едно од трите природни езера во Македонија, некогаш богато со диверзитет, денеска страда од екстремната еутрофикација. Како дозволивме од едно природно, незагадено, олиготрофно езеро да создадеме езеро кое е извор на потенцијални болести? За да го решиме проблемот, треба да се навратиме во минатото, да видиме како се започнало… 1988 година, пристигнува барање

0 comments

Развивање на капацитети за одржливост на Дојранското Езеро

Во рамките на проектот: „Развивање на капацитети за одржливост на Дојранско Езеро“ финансиран од Critical Ecosystems Partnership Fund (CEPF), во 2015 год. во Дојран беа реализирани три истражувачки кампови наменети за студентите од Природно-математичкиот факултет насоки екологија и биохемиско-физиолошка. На овие истражувања беа присутни и  членови од претседателството на Истражувачкото друштво на студенти биолози. Овие 3 истражувачки кампови

0 comments

Макрозообентос – Запознавање

Основна задача на оваа секција е истражување на диверзитетот на макроинвертебратната фауна од слатководните екосистеми (во прв ред потоците и реките, но и неистечните води). Поимот макрозообентос обединува без‘рбетни животни од различни таксономски групи кои го населуваат дното (или бенталната зона) на водните екосистеми. Оваа група организми е мошне важна за функционирањето на екосистемот, бидејќи

0 comments

Добродојдовте во светот на акватичните безрбетници (макроинвертебрати)

#tab_container_2382 { overflow:hidden; display:block; width:100%; border:0px solid #ddd; margin-bottom:30px; } #tab_container_2382 .tab-content{ padding:20px; border: 1px solid #c9c9c9 !important; margin-top: 0px; background-color:#e2e2e2 !important; color: #000000 !important; font-size:16px !important; font-family: Open Sans !important; border: 1px solid #c9c9c9 !important; } #tab_container_2382 .wpsm_nav-tabs { border-bottom: 0px solid #ddd; } #tab_container_2382 .wpsm_nav-tabs > li.active > a, #tab_container_2382 .wpsm_nav-tabs > li.active
0 comments