Menu
ИДСБ
  • 📄
  • За ИДСБ
  • Секции
    • Алголошка секција
    • Арахнолошка секција
    • Ентомолошка секција
    • Херпетолошка секција
    • Флористичка секција
      • Флористичка Диверзитет
    • Орнитолошка секција
    • Миколошка секција
    • Мамолошка секција
  • Настани
  • Истражувачки акции
    • 2010
    • 2011
    • 2012
    • 2013
    • 2015
    • 2016
    • 2017
  • Денес дознав
  • ✉️ Контакт
ИДСБ

За ИДСБ

Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ) е младинска истражувачка организација, која се занимава со едукација на студентите и членовите во областа на биологијата како и истражување и изучување на биодиверзитетот на Македонија.

Формирано во 1995 година од некогашните студенти и демонстратори, а сегашни професори и асистенти на Природно-математичкиот факултет –Скопје, ИДСБ сега претставува единствено младинско-истражувачко друштво во државата, влегува меѓу најстарите младински организации во Македонија, која функционира во континуитет. ИДСБ е структурирано по секции односно во групи во друштвото, кои се занимаваат со истражување на одредена таксономска група. Во друштвото постојано или по потреба фунцкионираат околу петнаесетина секции, кои внатрешно се структуирани со ментори и раководители, кои ја организираат работата во секциите. Ентомолошка (инсекти – Colleoptera & Lepidoptera), алголошка, миколошка (габи), орнитолошка (птици), арахнолошка (пајаци), флористичка и мамолошка (цицачи) се од моментално активните секции.

ИДСБ своите активности ги дели во три области и тоа: едукација на членството во однос на применета биологија и екологија, организирање на теренски активности и обуки и публуцистичка дејност.

Секоја година ИДСБ организира три теренски истражувачки акции низ државата, од кои две еднодневни и една голема двонеделна истражувачка акција. Овие терени се наменети за теренска едукација на членството како и за можност за колекционирање, евидентирање и архивирање на биолошки материјал, кој по теренските активности, лабараториски се обработува, етикетира и сортира во просториите на Институтот по биологија во ПМФ-Скопје.

ИДСБ секоја четврта година издава свое научно списание: „Билтен на Истражувачкото друштво на студенти биолози”, кое објавува трудови од областа на биодиверзитетот.

Друштвото, освен научно-истражувачки, организира е едукативно-популарни настани како: едукатувни прошетки, фото-конкурси, предавање на актуелни теми од областа на биологија и екологијата и слично.

Мотото на ИДСБ е: Со теорија на терен!

Особено значајна е соработката со други институции од земјава и од странство, заради размената на знаења, искуства и резултати од различни области на биологијата. Затоа значајно е да се споменат институциите со кои ИДСБ досега има соработувано:

Институти
  • Институт за Биологија,
  • Природно-математички факултет – Скопје,
  • Министерството за животна средина и просторно планирање,
  • Македонско еколошко друштво,
  • Биолошка истражувачка организација на студентите по биологија (BIUS) – Загреб
  • NIDSB – Научно-истражувачкото друштво на студентите по биологија и екологија “Josif Pancic” – Novi Sad
  • Природно-научен музеј – Скопје,
  • Фармацевски факултет – Скопје,
  • Регионалниот центар за заштита на животна средина за Централна и Источна Европа,
  • Фондација Институт отворено општество Македонија,
  • Бугарската академија на науките – Софија,
  • Биолошки факултет – Белград,
  • Друштво на еклозите на република Српска

и многу други студентски организации во текот на веќе 26 годишната работа на друштвото.


 

 

ПЕЛИСТЕР 2019

©2023 ИДСБ | WordPress Theme by Superbthemes.com