Menu
ИДСБ
  • 📄
  • За ИДСБ
  • Секции
    • Алголошка секција
    • Арахнолошка секција
    • Биохемиско-физиолошка секција
    • Ентомолошка секција
    • Херпетолошка секција
    • Макрозообентос секција
    • Флористичка секција
      • Флористичка Диверзитет
    • Орнитолошка секција
    • Миколошка секција
    • Мамолошка секција
  • Настани
  • Истражувачки акции
    • 2010
    • 2011
    • 2012
    • 2013
    • 2015
    • 2016
    • 2017
  • Денес дознав
  • ✉️ Контакт
ИДСБ

Ентомолошка секција

Инсектите се една од најдиверзитетните групи на организми кои ја населуваат оваа планета. Тие се првите животни кои го населиле копното, а исто така се и првите животни кои започнале да летаат. Еволуирале уште пред 400 милиони години, уште пред да се појави човекот, дури и пред да се појават диносаурусите. Пронајдени се фосили од инсекти кои покажуваат дека модерните претставници се многу слични со античките вилински коњчиња и бубашваби.

Досега се познати околу милион рецентни видови на инсекти, а заедничко за сите нив е тоа што сите имаат по 6 екстремитети. Нивниот скелет се наоѓа на површината на нивното тело и затоа е наречен егзоскелет.

Овој егзоскелет формира изновонредно цврста обвивка која ги заштитува меките внатрешни органи. Целта на оваа секција е да се дознае повеќе за биологијата на инсектите, но поради нивната голема разнообразност засега се истражуваат само некои групи, како што се дневните пеперутки, осите, скакулците, тркачите (тврдокрилци) и вилинските коњчиња. Собирањето на инсектите се извршува со помош на клопки и ентомолошки мрежи, а понекогаш е неопходно нивно препарирање за да се изврши прецизна детерминација.

Раководител: Софи Младенова

Ментори на секцијата: Д-р. Славчо Христовски, дипломиран биолог Диме Меловски

Акустична и хемиска мимикрија како облигаторен механизам за прежиувување

Акустична и хемиска мимикрија како облигаторен механизам за прежиувување

Posted: May 19, 2017

Акустична и хемиска мимикрија како облигаторен механизам за преживување на ларви од родот Phengaris ( со акцент на видот аrion) во колонии од Myrmica мравки Phengaris arion е дневна пеперуга чија повисока таксономска одредница е фамилијата Lycaenaidae т.е фамилијата на Синици. Се работи за вид кој се среќава и во Македонија. Возрасната единка ( imago)…

0 comments

Извештај: Ентомолошка секција (Lepidoptera) – Криволак, 2016

Posted: May 11, 2016

На ден 17.04.2016та год. се одржа првата еднодневна истражувачка акција во областа “Криволак”, село Криволак, Неготинско. Површината на оваа територија дава изглед на разбрането море бидејќи целата е испресече на од длабоки долови. За да го погледнете извештајот од Ентомолошката секција, кликнете тука – Извештај (Lepidoptera) – Криволак, 2016

0 comments

Извештај: Ентомолошка секција (Криволак, 2016)

Posted: Apr 22, 2016

На ден 17.04.2016та год. се одржа првата еднодневна истражувачка акција во областа “Криволак”, село Криволак, Неготинско. Површината на оваа територија дава изглед на разбрането море бидејќи целата е испресечна од длабоки долови. За да го погледнете извештајот од Ентомолошката секција, кликнете тука.

0 comments

Ентомолошка секција – Запознавање

Posted: Nov 28, 2014

Инсектите се една од најдиверзитетните групи на организми кои ја населуваат оваа планета. Тие се првите животни кои го населиле копното, а исто така се и првите животни кои започнале да летаат. Еволуирале уште пред 400 милиони години, уште пред да се појави човекот, дури и пред да се појават диносаурусите. Пронајдени се фосили од…

0 comments

ПЕЛИСТЕР 2019

©2019 ИДСБ | WordPress Theme by Superbthemes.com