Menu
ИДСБ
  • 📄
  • За ИДСБ
  • Секции
    • Алголошка секција
    • Арахнолошка секција
    • Ентомолошка секција
    • Херпетолошка секција
    • Флористичка секција
      • Флористичка Диверзитет
    • Орнитолошка секција
    • Миколошка секција
    • Мамолошка секција
  • Настани
  • Истражувачки акции
    • 2010
    • 2011
    • 2012
    • 2013
    • 2015
    • 2016
    • 2017
  • Денес дознав
  • ✉️ Контакт
ИДСБ

Арахнолошка секција

Пајаците се многу важна група на животни. Тие се распространети во скоро сите еко системи и имаат важна улога во биодиверзитетот. Има многу видови на пајаци (над 48.000 видови) и се исклучиво копнени членконоги.

Пајаците се собираат со помош на специјални, многу меки пинцети и се ставаат во епрувети наполнети со 70% алкохол. Потоа работата продолжува во лабораторијата каде што се набљудуваат под бинокулар. Се детерминираат според градбата на половиот систем.

Телото на пајаците е составено од 2 дела: цефалоторакс – преден дел и абдомен – заден дел. Телото е несегментирано, а абдоменот се надоврзува на цефалотораксот со дршка. Пајаците имаат 4 пара на нозе, и уште еден пар кои се многу помали и се викаат педипалпи и се наоѓаат веднаш до хелицерите.

Педипалпите воглавно им служат при исхраната, со нив го придржуваат пленот. Меѓутоа кај мажјаците педипалпите на нивниот врв се малку видоизменети и се претворени во секундарен полов орган. Тие им служат за размножување и главната детерминација на мажјаците се одвива токму преку нив. Пленот го фаќаат и усмртуваат со хелицерите , на чиј врв има канџа каде се наоѓа отворот од каде го вбризгуваат отровот во жртвата.

Најчесто овој отров е безопасен за луѓето, со исклучок на отровот на црната вдовица (Lactrodectrus tredicimguttatus) кој делува на нервниот систем и предизвикува парализа на срцевиот мускул и белите дробови и делува смртоносно заради тоа, за разлика од змискиот отров кој делува само хемолитички и е помалку смртоносен во однос на отровот од црната вдовица.

На абдоменот немаат екстремитети, но затоа се забележуваат видоизменети прирастоци, односно пајажинести брадавици. Со нив пајаците плетат најразновидни мрежи. Mеѓутоа има и видови кои воопшто неплетат мрежи. Ако се улови голем плен на пајажината, пајакот приоѓа и му помага да се ослободи од неа, но доколку пленот е помал, тојбрзо гонапаѓа, го парализира со отровот, го завиткува со многу леплива пајажина и го онеспособува да се движи, за да потоа може да го изеде. Притоа му ги вшмукува внатрешните течности.

Освен за заштита и ловење, пајажината им служи и за правење на кокони, во кои женката ги сместува јајцата или ги носи со себе додека не созреат младите. По созревањето, дел преживуваат, а дел умираат или ќе бидат изедени од други инсекти.

Раководител на секција: Мартина Трајковска

Ментор на секција: Д-р. Марјан Комненов

Извештај Арахнолошка секција: Повеќедневна теренска истражувачка акција “Клепало 2015”

Posted: Apr 12, 2016

Во периодот од 08.07.2015-22.07.2015 се одржа повеќедневата теренска акција на Малешевските Планини кој се наоѓаат во источниот дел на Република Македонија. Теренските истражувања беа спроведени на следните локалитети: Мурите, Беровско Езеро, Клепало, Ченгино Кале. Истражувањата беа извршани на различни станишта како ливади, зимзелени и листопадни шуми. Беа забележани видови од повеќе фамилии.

0 comments

Арахнолошка секција – Запознавање

Posted: Nov 28, 2014

Пајаците се многу важна група на животни. Тие се распространети во скоро сите еко системи и имаат важна улога во биодиверзитетот. Има многу видови на пајаци (над 30.000 видови) и тие се исклучиво копнени членконоги, но има и водни видови како што е Arguroneta aquatica. Пајаците се собираат со помош на специјални, многу меки пинцети…

0 comments

Начин на исхрана и дигестија кај пајаци

Posted: Nov 28, 2014

Што тие нормално консумираат? Нивното исхранување варира од самиот вид. Всушност, поголемиот број од тврдењата на овој извештај претставуваат генерализации кои не се веројатно точни за секој вид што постои. Во секој случај, поголемиот број од пајаците кои биле проучени имаат слични диетални и дигестивни навики, со само по неколку варијации прилагодливи на одредениот хабитат…

0 comments

Aranae

Posted: Nov 26, 2014

Од колкава важност е за пајаците, снабдувањето со вода? Неколку пајаци покажуваат задолжително апсорбирање на обична вода, иако повеќето можат сосема да ги задоволат своите потреби апсорбирајќи ги само капките вода кои им се на дофат (Сл. 1). Пајаците ја искористуваат водата која што се наоѓа во самиот плен како и метаболичката вода. Наспроти ваквото…

0 comments

Преслекување кај пајаци

Posted: Nov 26, 2014

Како се одвива преслекувањето? Егзоскелетот се состои од неколку слоеви на кутикула, сложен материјал составен од разни протеини и хитин (долговерижен полисахарид), правејќи го со тоа екстремно цврст и високо ефективен; но исто така има и свој недостаток. Тој е доволно флексибилен за движење, но не може да расте. Наместо да ја зголеми својата големина,…

0 comments

ПЕЛИСТЕР 2019

©2022 ИДСБ | WordPress Theme by Superbthemes.com