Menu
ИДСБ
  • 📄
  • За ИДСБ
  • Секции
    • Алголошка секција
    • Арахнолошка секција
    • Ентомолошка секција
    • Херпетолошка секција
    • Флористичка секција
      • Флористичка Диверзитет
    • Орнитолошка секција
    • Миколошка секција
    • Мамолошка секција
  • Настани
  • Истражувачки акции
    • 2010
    • 2011
    • 2012
    • 2013
    • 2015
    • 2016
    • 2017
  • Денес дознав
  • ✉️ Контакт
ИДСБ

Алголошка секција

Алголошката секција се занимава со истражување на дијатомејската флора (Bacillariophyceae) на високопланински водени еко-системи (eзера, реки, потоци и тресети).

Диjатомеите, уште наречени силикатни алги, се микроскопски алги кои претставуваат многу важни примарни продуценти во слатководните и морските еко-системи.

Процесот на седиментација овозможува силикатните алги да се користат во палео-лимнолошки истражувања преку кои се следи староста, потеклото на езерата како и промените на животната средина во минатото (квалитет на вода, климатски промени, колонизации, итн). Дијатомеите служат како важни билошки индикатори за утврдување на квалитетот на водата.

Теренскитe истражувања се одвиваат преку колектирање на алголошки матријали, кој подоцна се обработува во лабораторија преку согорување и подготовка на трајни препарати. Микроскопските анализи помагаат при утврдувањето на составот на дијатомејските заедници како и нивната релативна застапеност како главни индикатори за диверзитетот на алголошката флора. Главната цел на секцијата е утврдување на диатомејскиот диверзитет на високопланинските подрачја и изведувања на компаративни анализи.

Собраните матријали се чуваат во дијатомејската колекција DCIBS на Природно- математичкит факултет на Институт за биологија. Добиените резултати потоа се печатат во научни списанија и билтени, организирани од страна на “Истражувачко дружтво на студенти билози- ИДСБ”.

Раководител на секција: Анастасија Видеска

Mентор на секција: Проф. д-р. Златко Левков 

Што се дијатомеите и која е нивната примена?

Posted: Mar 13, 2017

Дијатомеите се група на живи, едноклеточни организми кои спаѓаат во групата на алги од типот Bacillariophyta. Овие алги се застапени во сите води, без исклучок, во помал или поголем број. Она што ги прави посебни и интересни за истражување е нивниот клеточен ѕид, изграден од силикат и е наречен фрустула, поделена на хиповалва и епивалва….

0 comments

Заедно да го спасиме Дојран!

Posted: May 3, 2016

Дојранско Езеро, едно од трите природни езера во Македонија, некогаш богато со диверзитет, денеска страда од екстремната еутрофикација. Како дозволивме од едно природно, незагадено, олиготрофно езеро да создадеме езеро кое е извор на потенцијални болести? За да го решиме проблемот, треба да се навратиме во минатото, да видиме како се започнало… 1988 година, пристигнува барање…

0 comments

Развивање на капацитети за одржливост на Дојранското Езеро

Posted: Mar 17, 2016

Во рамките на проектот: „Развивање на капацитети за одржливост на Дојранско Езеро“ финансиран од Critical Ecosystems Partnership Fund (CEPF), во 2015 год. во Дојран беа реализирани три истражувачки кампови наменети за студентите од Природно-математичкиот факултет насоки екологија и биохемиско-физиолошка. На овие истражувања беа присутни и  членови од претседателството на Истражувачкото друштво на студенти биолози. Овие 3 истражувачки кампови…

0 comments

Запознавање со типот Cyanophyta (Cyanobacteria)

Posted: Sep 28, 2015

Што се Цијанобактерии (Цијанофити)? Цијанобактериите т.е модро-зелените алги (Cyanobacteria – Cyanophyta) претставуваат група на прокариотски организми. Додека во алгологијата се сметаат за модрозелени алги, во микробиологијата тие се бактерии. Модро-зелените алги, уште се наречени и цијанобактерии, бидејќи практично претставуваат бактерии во алгална форма. Овие алги лачат цијанотоксини, кои не се исто што и цијаниди. Не…

0 comments

Алголошка секција – Запознавање

Posted: Nov 27, 2014

Алголошката секција се занимава со истражување на дијатомејската флора (Bacillariophyceae) на високопланински водени еко-системи (eзера, реки, потоци и тресети). Диjатомеите, уште наречени силикатни алги, се микроскопски алги кои претставуваат многу важни примарни продуценти во слатководните и морските еко-системи. Процесот на седиментација овозможува силикатните алги да се користат во палео-лимнолошки истражувања преку кои се следи староста,…

0 comments

Achnanthes

Posted: Nov 26, 2014

Achnanthes Bory Ред: Achnanthales Фам: Achnanthaceae Род: Achnanthes Bory Фрустулата кај родот Achnanthes е хетеровалвална т.е. едната валва има рафа, а на другата валва таа отсуствува. Валвата која има рафа обично поседува задебелено силициумово централно поле наречен стаурос. Другата валва не поседува централно поле. И стернумот може да биде поставен на маргините на валвата. Валвите…

0 comments

ПЕЛИСТЕР 2019

©2023 ИДСБ | WordPress Theme by Superbthemes.com